„Аллах нема да погледне во оној што од горделивост ја влече својата облека по земјата.“

„Аллах нема да погледне во оној што од горделивост ја влече својата облека по земјата.“

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах нема да погледне во оној што од горделивост ја влече својата облека по земјата.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, предупредил од спуштање на облеката или изарот под глуждовите од надменост и самобендисаност, и појаснил дека оној што го прави тоа – заслужува тешка закана, а тоа е дека Аллах нема да го погледне на Судниот ден со поглед на милост.

فوائد الحديث

Зборот „облека“ (ثوب) што се спомнува во хадисот се однесува на секој вид облека што го покрива долниот дел од телото – како панталони, изар, долга кошула и слично.

Забраната за спуштање на облеката под глуждовите (исбал) се однесува исклучиво на мажите. Ен-Невеви рекол: „Учените се едногласни дека на жените им е дозволено да ја носат облеката подолга под глуждовите. Од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е пренесено дека им дозволил да ги спуштат краевите на облеката до една педа под глуждот.“

Ибн Баз рекол: „Спуштањето на облеката под глуждовите е забрането и претставува харам според општите хадиси. Но, казната за тоа може да се разликува во зависност од намерата – оној што го прави тоа од горделивост не е ист како оној што тоа го прави без таква намера.“

Исто така, Ибн Баз рекол: „Жената се смета за аврет, затоа нема пречка нејзината облека да биде продолжена за една педа, а ако тоа не ѝ е доволно, може да ја продолжи и до една подлактица, почнувајќи од глуждот.“

Ел-Кади рекол: „Учените кажале дека сè што го надминува неопходното и вообичаеното во поглед на должината или ширината на облеката се смета за мекрух - непрепорачливо. А Аллах најдобро знае.“

Ен-Невеви вели: „Најпрепорачана должина на облеката – било да станува збор за кошула или изар (долниот дел) – е до средината на потколеницата. Ако се спушти под тоа, сè до глуждовите, нема грев. Но она што е под глуждовите – ќе биде во Огнот. Тоа значи дека најдоброто е облеката да завршува на средината од потколеницата; дозволено без прекор е да стигнува до глуждовите; а сè што надминува под глуждовите – е забрането.“

Ибн Усејмин, објаснувајќи го зборот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Аллах нема да го погледне“, рекол: „Овде се мисли дека Аллах нема да го удостои со поглед на милост и сожалување. Не се мисли на погледот во смисла на севкупното општо гледање – бидејќи ништо не е скриено од Возвишениот Аллах – туку се мисли на поглед исполнет со милост и благост.“

التصنيفات

Едеби на облекувањето.