„Аллахумме бике асбахна ве бике емсејна ве бике нахја ве бике немуту ве илејкен-нушур“ (Алаху, со Тебе го започнуваме утрото, со Тебе ја завршуваме вечерта, со Тебе…

„Аллахумме бике асбахна ве бике емсејна ве бике нахја ве бике немуту ве илејкен-нушур“ (Алаху, со Тебе го започнуваме утрото, со Тебе ја завршуваме вечерта, со Тебе живееме, со Тебе умираме, а кај Тебе е оживувањето)

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: Наутро да каже: „Аллахумме бике асбахна ве бике емсејна ве бике нахја ве бике немуту ве илејкен-нушур“ (Алаху, со Тебе го започнуваме утрото, со Тебе ја завршуваме вечерта, со Тебе живееме, со Тебе умираме, а кај Тебе е оживувањето). А навечер велеше: „Бике емсејна ве бике асбахна ве бике нахја ве илејкен-нушур“ (Со Тебе ја завршуваме вечерта, со Тебе го започнуваме утрото, со Тебе живееме, со Тебе умираме и кај Тебе е оживувањето). И рече: А еднаш рече: „Ве илејкел-месир“ (И кон Тебе е враќањето).

[حسن]

الشرح

Кога ќе настапеше утрото, тој, саллаллаху алејхи ве селлем, на почетокот на денот со изгрејсонцето, ќе речеше: „Аллахумме бике асбахна“ Прекриени со Твојата заштита, нурнати во Твојата благодат, преокупирани со спомнувањето Тебе, барајќи помош со Твоето име, од Тебе е успехот, се движиме со Твојата сила и моќ, „Ве бике емсејна, ве бике нахја ве бике немуту“, односно како во претходниот израз, но го смени утрото во вечерта, па рекол: „О Аллаху, со Тебе ја дочекавме вечерта, со Твоето име ,Ел Мухји‘ (давателот на животот) ние живееме, со Твоето име ,Ел Мумит‘ (Тој што усмртува) умираме, ,Ве илејкен-нушур‘ и оживување по смртта, и разделба по собирот. Нашата положба продолжува на овој начин во секое време и во сите услови, а јас нема да се одвојам од неа ниту ќе ја напуштам. Кога ќе настапи вечерта по намазот на икиндија, тој велеше: „Аллахумме бике емсејна ве бике асбахнаве бике нахја ве бике немуту ве илејкел-месир“ (Аллаху мој, со Тебе ја поминуваме вечерта, со Тебе го поминуваме утрото, со Тебе живееме, со Тебе умираме и кон Тебе е крајната цел). Враќањето на овој свет и крајна дестинација на Ахиретот. Ти даваш живот и смрт.

فوائد الحديث

Препорачано е оваа доваа да се кажува наутро и навечер, по примерот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.

Аллаховиот роб има потреба за својот Господар во сите негови состојби и при сите времиња.

Најдобар начин и време за кажување на молитвите е наутро: од мугрите до изгрејсонце на почетокот на денот, и после икиндија намаз до пред зајдисонце. Ако ги кажуваме после тоа, значи: наутро по изгрејсонце, ќе биде во ред. Ако ги кажуваме после пладне намаз, исто е во ред. Ако ги кажуваме по зајдисонце, исто ќе биде во ред, бидејќи и тоа е време за зикр.

Поводот овие зборови: „А кај Тебе е оживување“ да се кажат наутро е тоа што потсетува на големото оживување и воскресение кога луѓето ќе умрат па ќе бидат оживеани на Судниот Ден. Ова е ново оживување, нов ден во кој се враќаат душите, луѓето се раздвижуваат, новото утро што Аллах го создал повторно дише. Да биде сведок на синот на Адем, а неговите мигови и времето стануваат ризници на нашите дела.

Поводот за неговите зборови „И кај тебе е враќањето“ е во ноќта, кога луѓето се враќаат од својата работа, откако биле активни за своите потреби и за средствата за живот, се враќаат во своите домови и се одмораат откако биле насекаде, што нè потсетува на враќањето кај Семоќниот Аллах, Кој е нашата конечница, дестинација и одредиште.

التصنيفات

Утрински и вечерни зикрови