إعدادات العرض
„Пазете се од влегувањето кај жените“. Еден човек од енсарите рече: „О, Аллахов Пратенику, што мислиш за братот на сопругот?“ Тој рече: „Тој е смрт“
„Пазете се од влегувањето кај жените“. Еден човек од енсарите рече: „О, Аллахов Пратенику, што мислиш за братот на сопругот?“ Тој рече: „Тој е смрт“
Укбе бин Амир, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем рекол: „Пазете се од влегувањето кај жените“. Еден човек од енсарите рече: „О, Аллахов Пратенику, што мислиш за братот на сопругот?“ Тој рече: „Тој е смрт“.
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी සිංහල ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî Русский Nederlands অসমীয়া Tiếng Việt Kiswahili ગુજરાતી پښتو Română മലയാളം Deutsch नेपाली ქართული Кыргызча Moore Magyar తెలుగు Svenska ಕನ್ನಡ አማርኛ Українськаالشرح
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, предупредил од мешањето со туѓи жени и рекол: Пазете се да не влегувате кај жени (кои ни се туѓи) и жени да не влегуваат кај вас. Еден човек од енсарите рече: Што мислиш за роднините на мажот? Такви се братот на сопругот, синот на братот, чичкото, синот на чичко, синот на сестра и слично, со кои таа смее да се омажи, да не беше мажена. Тој, саллаллаху алејхи ве селлем, рече: Пазете се од него како што би се чувале од смртта! Бидејќи изолираноста со роднината на сопругот води до искушение и девијација на верата, поважно е на роднините на сопругот, освен неговите татковци и синови, да им се забрани влез отколку на странците, бидејќи, осамувањето со роднината на мажот е почеста отколку што е тоа со некој друг, и поверојатно е злото да дојде од таму отколку од некој друг, а и искушението од него е поверојатно; заради поголема можност да биде во друштво на жената и да биде сам со неа, а тоа да не биде осудено, како и заради одредена потреба, и не може да се спречи тоа. Братот на мажот често останува сам со жената на својот брат; и тоа се опишува како смрт во однос на грдотијата и штетноста, за разлика од туѓинец, од кого се внимава.فوائد الحديث
Забрана за влегување кај туѓи жени и осамување со нив, заради предострожност и да се спречи појавата на неморал.
Ова е се однесува општо за странците, вклучувајќи го и братот на сопругот и другите роднини, кои не се махрем за жената. Мора да се напомене дека влегувањето кое е овде спомнато се однесува на тоа кое води кон осамување.
Избегнувањето на местата каде може да се направи некаков престап, поради страв да не направиме зло.
Невеви рекол: Експерти на лингвистиката се согласни дека значењето зборот „Хамвун“ се роднините на сопругот, како што се неговиот татко, вујко, брат, внук, братучед и слично, и дека изразот „Ахтан“ се роднини на сопругата, а изразот „Асхар“ се однесува на роднините од двете страни.
Го споредил (деверот) со смрт. Ибн Хаџер рекол: Арапите опишуваат нешто што е омразено како смртта. Сличноста е во тоа што тоа е смрт за верата доколку се случи грев, но и до смрт на човек кој го направил гревот доколку казната е со каменување, или пак е уништена жената со разделување од нејзиниот сопруг доколку љубомората го натера да се разведат.
التصنيفات
Прописи поврзани со жените