„Не ги спречувајте Божјите робинки од Аллаховите џамии. Но нека излегуваат без да се намирисаат.“

„Не ги спречувајте Божјите робинки од Аллаховите џамии. Но нека излегуваат без да се намирисаат.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не ги спречувајте Божјите робинки од Аллаховите џамии. Но нека излегуваат без да се намирисаат.“

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, им забранил на старателите и одговорните за жените да ги спречуваат да одат во џамија. Но им наредил на жените, кога излегуваат, тоа да биде без користење мириси и без да бидат разубавени – за да не бидат причина за искушение кај мажите.

فوائد الحديث

Жената има дозвола да клања во џамија ако нема опасност од фитна, и ако излегува без украсување и користење мириси.

Од хадисот се заклучува дека жената не излегува од куќата на својот сопруг без негова дозвола, бидејќи наредбата е упатена кон мажите – да им дозволат.

Исламот се грижи за жената и не ја спречува од она што е добро за неа – како излегување во џамија, барање на знаење и слично.

Потврда за старателството на мажот врз жената и неговата должност да се грижи за неа.

التصنيفات

Облека и накит, Jurisprudence for Muslim Women, Прописи за џамиите