إعدادات العرض
„Ќе се појават владетели што ќе лажат и ќе чинат неправда. Кој ги прифати нивните лаги и им помогне во нивната неправда – не е од мене, и јас не сум од него
„Ќе се појават владетели што ќе лажат и ќе чинат неправда. Кој ги прифати нивните лаги и им помогне во нивната неправда – не е од мене, и јас не сум од него
Хузејфе, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Ќе се појават владетели што ќе лажат и ќе чинат неправда. Кој ги прифати нивните лаги и им помогне во нивната неправда – не е од мене, и јас не сум од него, и нема да пријде до мојот извор. А кој не ги прифати нивните лаги и не им помогне во нивната неправда – тој е од мене, и јас сум од него, и ќе дојде кај мојот извор.“
الترجمة
العربية Tiếng Việt Bahasa Indonesia Nederlands Kiswahili English অসমীয়া ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Hausa Română ไทย Português मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛ বাংলা Kurdî తెలుగుالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека по неговата смрт со луѓето ќе владеат владетели кои ќе лажат – ќе зборуваат нешта што не ги исполнуваат, и ќе пресудуваат неправедно. Кој им приоѓа, ги прифаќа нивните лаги или им помага во нивната неправда – било со дела, било со зборови, како што е давање фетва за да им се угоди и да се добие нешто од нив – тој не е од мене, и јас не сум од него. Таквиот нема да пријде до мојот извор на Судниот ден. А кој не им пристапува, не ги прифаќа нивните лаги и не учествува во нивната неправда – тој е од мене, и јас сум од него, и тој ќе пријде до мојот извор на Судниот ден.فوائد الحديث
Ако некој пристапи кон владетелите со цел да ги советува, да ги упати кон вистината и да го намали злото – тоа е пофално и пожелно. Но, ако им пристапи за да им помага во неправдата и да ги потврдува нивните лаги – тоа е осудено и строго забрането.
Предупредување за опасноста од помагањето на управителот во неговата неправда.
Ова строго предупредување во хадисот укажува дека таквото дело е забрането и спаѓа меѓу големите гревови.
Поттик за соработка во доброто и богобојазливоста, и забрана за соработка во грев и непријателство.
Потврда за постоењето на изворот (хаудот) на нашиот Пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, на кој ќе дојде неговиот умет.