,Навистина, Аллах ќе ги измачува оние што ги измачуваат луѓето на овој свет.‘“

,Навистина, Аллах ќе ги измачува оние што ги измачуваат луѓето на овој свет.‘“

Од Хишам бин Хаким бин Хизам, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, се пренесува дека поминал покрај неколку жители на Набатеја во Шам, кои биле оставени да стојат изложени на Сонце. Прашал: „Што им е?“ Му рекле: „Задржани се поради џизја.“ Тогаш Хишам рекол: „Сведочам дека го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Навистина, Аллах ќе ги измачува оние што ги измачуваат луѓето на овој свет.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Хишам бин Хаким бин Хизам, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, поминал покрај неколку странци земјоделци во Шам, кои биле оставени да стојат под силното Сонце. Прашал што е со нив? Му одговориле дека тоа им било направено затоа што не платиле џизја, иако биле во можност да платат. Тогаш Хишам, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Сведочам дека го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Навистина, Аллах ќе ги казни оние што неправедно ги казнуваат луѓето на овој свет.’“

فوائد الحديث

Џизја е паричен надомест (данок) што им се пропишува на полнолетните и имотни мажи од следбениците на Книгата, како надомест за нивната заштита и дозвола да престојуваат во земјата на исламот.

Забрането е мачењето на луѓето – дури и на неверниците – без шеријатски основ.

Предупредување до неправедниците за последиците од неправдата.

Придржувањето на асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кон наредување на доброто и спречување на злото.

Имамот ен-Невеви рекол: „Ова се однесува на бесправното казнување; а во тоа не спаѓа казнувањето со право – како што се одмаздата (кисас), спроведувањето на шеријатските казни (хадови), дисциплинските казни (тазир) и слично.“

التصنيفات

Лоши морални особини