إعدادات العرض
Правете дела онолку колку што можете да издржите, зашто, се колнам во Аллах, Аллах не се заморува (не престанува да дарува награда) сè додека вие не се изморите (од…
Правете дела онолку колку што можете да издржите, зашто, се колнам во Аллах, Аллах не се заморува (не престанува да дарува награда) сè додека вие не се изморите (од правење добри дела).’“
Мајката на верниците, сопругата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Додека кај мене беше Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, покрај нас помина Хавла бинт Тувејт бин Хабиб бин Есед бин Абдулуза. Реков: ,Ова е Хавла бинт Тувејт, а велат дека воопшто не спие ноќе.‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Не спие ноќе?! Правете дела онолку колку што можете да издржите, зашто, се колнам во Аллах, Аллах не се заморува (не престанува да дарува награда) сè додека вие не се изморите (од правење добри дела).’“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tagalog ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Tiếng Việt Magyar ქართული සිංහල Kiswahili Română অসমীয়া ไทย Português मराठी دری አማርኛ ភាសាខ្មែរ Nederlands ગુજરાતીالشرح
Кај мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, била Хавла бинт Тувејт, Аллах нека е задоволен со неа. Додека Хавла беше кај неа, влезе Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, па таа излезе. Аиша рече: „Оваа жена не спие ноќе, туку целата ноќ ја поминува во намаз.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, изненаден од нејзината строгост кон себе, рече: „Не спие ноќе?! Чинете добри дела онолку колку што можете да издржите, затоа што, се колнам во Аллах, Аллах не се заморува – не престанува да им дава награда на Неговите побожни и покорни робови – сè додека вие не се изморите и не се откажете од нив.“فوائد الحديث
Претераниот ибадет, којшто го надминува она што телото може да го издржи, води кон замор и исцрпеност, па душата ја губи желбата за него.
Умереноста и рамнотежата во ибадетот се клуч за неговата постојаност и истрајност.
Малото, но континуирано дело е подобро од големото што се прекинува.
Имамот ен-Невеви рекол: „Со постојаното извршување на малите дела, се одржува послушноста кон Аллах преку спомнување, будност на срцето, искреност и насоченост кон Него. За разлика од големите и тешки дела, континуираното мало дело со тек на време може да израсне и повеќекратно да го надмине прекинатото големо дело.“
التصنيفات
Правата на човекот во исламот