إعدادات العرض
„Изговори збор кој, доколку се измеша со морската вода, ќе ја измени!“
„Изговори збор кој, доколку се измеша со морската вода, ќе ја измени!“
Од мајката на верниците, Аиша – Аллах нека е задоволен со неа – се пренесува дека рекла: Му реков на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „За Сафија ти е доволно (тоа) што е таква и таква...“ – еден од пренесувачите вели: „Со тоа мислела дека е ниска.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Изговори збор кој, доколку се измеша со морската вода, ќе ја измени!“ Аиша продолжува: Еднаш имитирав некого, на што тој рече: „Не би сакал да имитирам човек – дури и да го добијам тоа и тоа.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tagalog Kurdî Русский Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Kiswahili Hausa සිංහල ગુજરાતી Magyar ქართული Română Português ไทย తెలుగు मराठी دری አማርኛ Malagasyالشرح
Мајката на верниците, Аиша – Аллах нека е задоволен со неа – му рече на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Доволно ти е за Сафија…“ – мислејќи на нејзин телесен недостаток, односно дека е ниска. Тогаш тој ѝ рече: „Изговори збор кој, ако се помеша со морската вода, би ја надвладеал, изменил и расипал!“ Аиша потоа раскажува: Еднаш имитирав некој човек – со цел да го потценам, за што Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Не би сакал да зборувам за туѓ недостаток, ниту да имитирам некого со подбив – дури и да ми се даде големо овосветско богатство.“فوائد الحديث
Предупредување и застрашување за гревот на озборување.
Имитацијата на нечие однесување или изглед со цел за потсмев и подбивање спаѓа во забранетото озборување.
Опишувањето на туѓите телесни недостатоци, исто така, се смета за озборување.
Ел-Кади рекол: „Мешањето значи да се соедини нешто со друго и притоа да му се измени состојбата. Значењето е дека ако такво озборување би се измешало со морската вода, би ја променило – и покрај нејзината голема количина. Па што тогаш да се каже за малку добри дела, ако се измешаат со такво озборување?“
Укажување на една од формите на љубомора што се појавува меѓу жените.
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не одобрувал нешто што е лошо.
Безвредноста на дуњалукот и сè што е на него во споредба со Аллаховото задоволство и спасение од Неговиот гнев.
Исламот е вера на убавиот морал – тој заповеда заштита на честа и угледот на луѓето од повреда, било преку зборови или дела, бидејќи тоа создава непријателство и омраза меѓу муслиманите.
التصنيفات
Лоши морални особини