„Должината на облеката (изарот) кај муслиманот треба да биде до средината на потколеницата. Нема грев ако е помеѓу тоа и глуждовите, но она што е под глуждовите – е…

„Должината на облеката (изарот) кај муслиманот треба да биде до средината на потколеницата. Нема грев ако е помеѓу тоа и глуждовите, но она што е под глуждовите – е во Оганот. А оној што ја влече (спушта) својата облека од гордост – Аллах нема ни да го погледне.“

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Должината на облеката (изарот) кај муслиманот треба да биде до средината на потколеницата. Нема грев ако е помеѓу тоа и глуждовите, но она што е под глуждовите – е во Оганот. А оној што ја влече (спушта) својата облека од гордост – Аллах нема ни да го погледне.“

[صحيح] [رواه أبو داود وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека облеката (изарот) на муслиманот – односно она што го покрива долниот дел од телото кај мажите – може да има три состојби: 1. Препорачлива должина: е да биде до средината на подколеницата. 2. Дозволена должина (без прекор): да се спушта подолу од тоа, сè до глуждовите – а глуждовите се двете испакнатини на зглобот меѓу потколеницата и стапалото. 3. Забранета должина: да биде под глуждовите – во тој случај постои страв од казна со Огнот. А ако тоа го прави од горделивост, вообразеност или самобендисаност, тогаш Аллах нема ни да го погледне.

فوائد الحديث

Овој опис и ова предупредување се однесуваат исклучиво на мажите. Жените се исклучени од тоа, бидејќи ним им е наредено да го покриваат целото тело.

Сè што го покрива долниот дел од телото кај мажите се нарекува „изар“ – било да се работи за панталони, долга кошула или слично – и сето тоа потпаѓа под шеријатските прописи спомнати во хадисот.

التصنيفات

Едеби на облекувањето.