,Замената на среброто за злато е камата, освен едно за друго (од рака на рака). Замената на пченица со пченица е камата, освен едно за друго. Замената на јачмен со…

,Замената на среброто за злато е камата, освен едно за друго (од рака на рака). Замената на пченица со пченица е камата, освен едно за друго. Замената на јачмен со јачмен е камата, освен едно за друго. Замената на урми со урми е камата, освен едно за друго.‘“

Од Малик ибн Евс ибн Хадесан, се премесува дека рекол: Дојдов и прашав: „Кој ги менува дирхемите?“ Талха ибн Убејдуллах рече, додека беше со Омер ибн Хатаб, радијаллаху анхума, рече: „Покажи ни го своето злато, па дојди кај нас кога ќе дојде нашиот слуга, а ние ќе ти дадеме сребро.“ Омер ибн Хатаб рече: „Не, се колнам во Аллах, мора да му го дадеш неговото сребро или да му го вратиш златото, навистина Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: ,Замената на среброто за злато е камата, освен едно за друго (од рака на рака). Замената на пченица со пченица е камата, освен едно за друго. Замената на јачмен со јачмен е камата, освен едно за друго. Замената на урми со урми е камата, освен едно за друго.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Табиинот Малик ибн Евс известил дека имал златни динари и сакал да ги замени за сребрени дирхеми. Талха ибн Убејдуллах, радијаллаху анху, му рекол: Дај ни ги твоите динари за да ги видам! Потоа, откако решил да ги купи, му рекол: Врати се подоцна кога ќе дојде нашиот слуга за да ти ги дадеме сребрените дирхеми. Тука бил присутен Омер ибн Хатаб, радијаллаху анху, тој не го одобрил овој вид на трансакција и му се заколнал на Талха веднаш да го даде среброто или да го врати златото што го зел, и притоа објаснил дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол кога се продава сребро за злато или обратно, мора директно да се размени, во спротивно таквата трансакција се смета за камата и неважечка продажба. Златото не смее да се продава за сребро или сребро за злато освен рака на рака и со директна размена. Ниту пченицата не смее да се продава за пченица, јачмен за јачмен или урми за урми, освен едно за другоо, тежина за тежина, мерка за мерка, од рака на рака. Ниту еден од овие артикли не може да се плати на одложено, и не е дозволено да се разделат пред да се направи примопредавање на стоката.

فوائد الحديث

Категориите спомнати во овој хадис се пет: злато, сребро, пченица, јачмен и урми. Ако продажбата е од иста категорија, тогаш за таа да биде полноважна мора да се исполнат два услова: размената да се одвива на истото место како и договорот, и еднаквост во тежината, како злато за злато, во спротивно тоа е камата со вишок. А ако тие се разликуваат, како што е сребро за пченица, на пример, тогаш има само еден услов договорот да биде валиден, а тоа е приемот на исплатата да биде на истото место каде е направен договорот, во спротивно тоа е камата на одложување.

Местото на договорот значи: местото на купопродажба, без разлика дали седеле, пешачиле или јавале. Разделувањето значи она што се смета за разделба според обичајот меѓу луѓето.

Забраната во хадисот ги вклучува сите видови на злато, без разлика дали е ковано или не, и сите видови сребро, без разлика дали е ковано или не.

Денешните валути имаат исто правило како и продажбата на злато за сребро. Односно, ако сакате да замените една валута за друга, како што е ријал за дирхем, дозволено е да се направи разликата која е прифатлива за двете страни. Меѓутоа, размената мора да се изврши на истото место каде што се одржува продажбата, во спротивно зделката е неважечка и трансакцијата во себе содржи камата и е забранета.

Трансакциите со камата не се дозволени, а нивниот договор е неважечки дури и ако двете страни се договориле. Затоа што исламот ги чува правата на човекот и општеството, дури и тој да се откаже од нив.

Забранувањето на злото и негово спречување за оние кои тоа можат да го направат.

Спомнувањето на докази при осудувањето на злото, како што тоа го направил Омер ибн Хатаб, радијаллаху анху.

التصنيفات

Камата