„Кој ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ Во друга верзија стои: „...од крајот на сурата Ел-Кехф.“

„Кој ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ Во друга верзија стои: „...од крајот на сурата Ел-Кехф.“

Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ Во друга верзија стои: „...од крајот на сурата Ел-Кехф.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека оној што ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен, сочуван и спасен од искушението на Месихот Деџал (лажниот месија) – кој ќе се појави на крајот од времето и ќе тврди дека е божество. Искушението што тој ќе го донесе е најголемото што некогаш ќе го снајде човештвото – од времето на Адем, алејхи селам, па сè до Судниот ден – поради натприродните дела што Аллах ќе му дозволи да ги изведе, со кои ќе ги заведува луѓето. Знаејќи дека во првите ајети од сурата Ел-Кехф се содржани чуда и Божји знаци што се повозвишени и посилни од она со што Деџалот ќе ги мами луѓето, секој оној што ќе размислува за тие ајети – нема да потпадне под неговото влијание. Во друга верзија на хадисот се вели: „...десет ајети од крајот на сурaта“, почнувајќи од зборовите на Возвишениот: „Зарем неверниците мислат дека, покрај Мене, за богови можат да ги земаат робовите Мои? Ние, навистина, за престојувалиште на неверниците им го подготвивме Џехенемот.“

فوائد الحديث

Укажување на вредноста на сурата Ел-Кехф и дека нејзиниот почеток или крај претставуваат заштита од искушението на Деџалот.

Известување за појавата на Деџалот и појаснување на она што штити од неговото искушение.

Поттик да се научи целата сура Ел-Кехф напамет, а доколку не се може – тогаш барем првите и последните десет ајети.

Куртуби, објаснувајќи ја причината за оваа заштита, рекол: „Се вели дека тоа се должи на чудата и знаците што се спомнуваат во приказната за сопствениците на пештерата. Оние што ќе размислат за тие настани, нема да се изненадат од појавата на Деџалот, ниту ќе ги збунат неговите чуда – и така нема да бидат заведени од него. Се вели и дека тоа се должи на зборовите на Возвишениот: „...за со тешката казна, која Тој ќе ја даде, да опомене“ во кои се нагласува „тешката казна“ и „Тој ќе ја даде“ што означува дека казната е од Аллах – што соодветствува на претензиите на Деџалот дека е божество, на неговата доминација и на тежината на искушението што ќе го донесе. Затоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го нагласил неговото искушение, предупредил од него и барал заштита од него. Суштината на хадисот е дека оној што ќе ги рецитира овие ајети, ќе размислува за нив и ќе го сфати нивното значење – ќе биде внимателен и ќе се заштити од неговото искушение.“

التصنيفات

Доблести на сурите и ајатите, Предзнаци на Судниот ден