„Кога Аллах ќе засака некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: ,Јас го сакам тој и тој, затоа сакај го и ти.‘ Тогаш Џибрил ќе го засака,

„Кога Аллах ќе засака некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: ,Јас го сакам тој и тој, затоа сакај го и ти.‘ Тогаш Џибрил ќе го засака,

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога Аллах ќе засака некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: ,Јас го сакам тој и тој, затоа сакај го и ти.‘ Тогаш Џибрил ќе го засака, па обзнанува меѓу жителите на небесата: ,Аллах го сака тој и тој, затоа сакајте го и вие.‘ Потоа ќе го засакаат и жителите на небесата, а потоа му се дава прифаќање кај луѓето на Земјата - и тие да го сакаат.” А кога Аллах ќе замрази некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: ,Јас го мразам тој и тој, затоа мрази го и ти.‘ Тогаш Џибрил го замразува, па обзнанува меѓу жителите на небесата: ,Аллах го мрази тој и тој, затоа мразете го и вие.‘ И тие го замразуваат, потоа му се дава кај луѓето на Земјата и тие да го мразат.”

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека кога Аллах ќе засака некој верник – кој е послушен на Неговите заповеди и се воздржува од Неговите забрани – Го повикува Џибрил и му вели: „Јас го сакам тој и тој, затоа сакај го и ти.” Тогаш предводникот на мелеците, Џибрил, алејхи селам, го засакува, па објавува меѓу мелеците на небесата: „Аллах го сака тој и тој, затоа сакајте го и вие.“ И жителите на небесата ќе го засакаат, а потоа Аллах му дава прифаќање во срцата на верниците на Земјата и тие да го сакаат, да му бидат наклонети и да бидат задоволни со него. А кога Аллах ќе замрази некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: „Јас го мразам тој и тој, затоа мрази го и ти.” Тогаш Џибрил го замразува, па објавува меѓу жителите на небесата: „Аллах го мрази тој и тој, затоа мразете го и вие.” И тие го замразуваат, а потоа Аллах внесува омраза и одбивност кон него во срцата на верниците.

فوائد الحديث

Ебу Мухамед ибн Еби Џумра рекол: „Претпочитањето на Џибрил во оваа објава пред останатите мелеци ја истакнува неговата висока положба кај Аллах во однос на другите.“

Оној кого Аллах ќе го засака, ќе го засакаат и жителите на небесата и Земјата; а оној кого Аллах ќе го замрази, ќе го замразат и жителите на небесата и Земјата.

Ес-Синди рекол: „Зборовите ,му се дава прифаќање на Земјата‘ не значат нужно целосна и општа прифатеност, туку во мерка што Аллах ќе ја одреди, бидејќи е познато дека злите луѓе често се непријателски настроени кон добрите.“

Поттик за извршување на сите видови добри дела, и задолжителните и доброволните, и предупредување од гревовите и новотариите, бидејќи тие се причина за Аллаховиот гнев.

Ибн Хаџер рекол: „Од ова се заклучува дека љубовта што луѓето ја носат во срцата кон некого е знак за Аллаховата љубов кон него, а тоа го потврдува и хадисот за џеназата: ,Вие сте Аллахови сведоци на Земјата.‘“

Ибн ел-Араби ел-Малики рекол: „Под ,жителите на Земјата‘ се мисли на оние кои го познаваат човекот, а не на оние што никогаш не чуле за него.“

التصنيفات

Тевхид на Аллаховите имиња и атрибути