إعدادات العرض
„Редовно извршувајте аџилак и умра – бидејќи тие ја отстрануваат сиромаштијата и гревовите, како што ковачкиот оган ја чисти нечистотијата од железото, златото и…
„Редовно извршувајте аџилак и умра – бидејќи тие ја отстрануваат сиромаштијата и гревовите, како што ковачкиот оган ја чисти нечистотијата од железото, златото и среброто. А за примениот аџилак нема друга награда освен Џенет.“
Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Редовно извршувајте аџилак и умра – бидејќи тие ја отстрануваат сиромаштијата и гревовите, како што ковачкиот оган ја чисти нечистотијата од железото, златото и среброто. А за примениот аџилак нема друга награда освен Џенет.“
الترجمة
العربية Tiếng Việt Bahasa Indonesia Nederlands Kiswahili অসমীয়া English ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Hausa Română ไทย Português मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛ বাংলা Kurdîالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè поттикнува да бидеме истрајни во извршувањето на аџилакот и умрата – секогаш кога сме во можност – затоа што тие се причина за отстранување и на сиромаштијата и на гревовите, слично како што огнот раздуван од ковачки мев ги прочистува металите од нечистотија и примеси.فوائد الحديث
Вредноста на постојаното извршување на аџилакот и умрата, и поттик на тоа.
Аџилакот и умрата спаѓаат во причините за зголемување на ризкот и бришење на гревовите.
Ел-Мубаракфури вели: „Ја отстрануваат сиромаштијата – односно ја бришат – и тоа може да се сфати како надворешна сиромаштија (со стекнување имот) и внатрешна сиромаштија (со духовна исполнетост и богатство на срцето).“
التصنيفات
Вредноста на хаџот и умрата