„Имињата кои најмногу ги сака Аллах се: Абдулах и Абдурахман.“

„Имињата кои најмногу ги сака Аллах се: Абдулах и Абдурахман.“

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Имињата кои најмногу ги сака Аллах се: Абдулах и Абдурахман.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, укажал дека најсаканите машки имиња кај Аллах се: „Абдулах“ (Аллахов роб) и „Абдурахман“ (роб на Семилосниот).

فوائد الحديث

Имамот Куртуби рекол: „На овие две имиња се надоврзуваат и слични имиња, како: Абдурахим, Абдулмелик, Абдусамед и други, затоа што сите го содржат она што му прилега на Аллах – возвишени атрибути – и она што му прилега на човекот, а тоа е покорноста и робувањето. Овие имиња ја изразуваат врската на вистинско робување кон Господарот, па затоа се одликувани со посебна чест и вредност. Некои други учени велат: Причината што во хадисот се истакнати токму овие две имиња е тоа што само тие се спомнати во Куранот со директно поврзување на „робот“ со едно од Аллаховите имиња. Возвишениот вели:

„А кога Аллаховиот роб стана да Му се помоли...“ (Ел-Џин, 19)

и: „А робови на Семилосниот се тие кои по Земјата мирно одат...“ (Ел-Фуркан, 63)

Ова се потврдува и со зборовите на Аллах:

Кажи: „Повикувајте: ,Аллаху!‘, или повикувајте: ,Семилосен!‘...“ (Ел-Исра, 110).

التصنيفات

Прописи за новородено дете