,Не влегувајте во живеалиштата на оние што кон себеси си сторија насилство, освен како расплакани

,Не влегувајте во живеалиштата на оние што кон себеси си сторија насилство, освен како расплакани

Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: „Минуваме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, покрај местото Хиџр, па тој ни рече: ,Не влегувајте во живеалиштата на оние што кон себеси си сторија насилство, освен како расплакани – за да не ве снајде истото што ги снашло нив.‘ Потоа ги забрза камилите, сè додека не го остави тоа место зад себе.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Кога поминувал покрај живеалиштата на Семуд, Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, забранил да се влегува во местата на оние што биле казнети – оние што си сториле насилство себеси – или да се доаѓа кај нив, освен ако човекот е расплакан и поучен од нивната казна, од страв да не го снајде истото што ги снашло нив. Потоа го забрзал своето јавање сè додека не го оставил тоа место зад себе.“

فوائد الحديث

Да се размислува за состојбата на оние што Аллах ги уништил и да се внимава да не се направи истото што го направиле тие. Исто така, треба да се внимава да не се занемарат поуките што Аллах ги дал преку таквите случки.

Во живеалиштата на тие казнети луѓе не смее да се живее и не треба да се земаат за постојано престојувалиште, бидејќи оној што живее таму не може секогаш да биде расплакан – а токму со таа состојба беше дозволено да се влегува во тие места.

Имамот Невеви рекол: „Ова укажува на важноста од богобојазливоста кога се поминува покрај местата на насилниците и местата каде била спуштена казна. Исто така, препорачливо е да се забрза чекорот низ долината Мухасир, затоа што таму беа уништени сопствениците на слонот. Оној што минува низ такви места треба да биде свесен, да чувствува страв, да плаче, да извлече поука од нивната судбина и да бара заштита кај Аллах од слична несреќа.“

Забраната и предупредувањето не важат само за живеалиштата на народот на Семуд, туку и за сите слични места каде што Аллах спуштил казна (казнил некој народ).

Забрането е тие места да се посетуваат заради туризам, рекреација и слични цели.

التصنيفات

Едеби и прописи на патувањето