إعدادات العرض
,Измијте ја трипати, петпати, или повеќе од тоа – ако можете со вода и сидр (листови од лотос), а во последното миење ставете камфор или нешто од камфор. А кога ќе…
,Измијте ја трипати, петпати, или повеќе од тоа – ако можете со вода и сидр (листови од лотос), а во последното миење ставете камфор или нешто од камфор. А кога ќе завршите, известете ме.‘”
Уму Атија, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Почина една од ќерките на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем. Тогаш Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, излезе и рече: ,Измијте ја трипати, петпати, или повеќе од тоа – ако можете со вода и сидр (листови од лотос), а во последното миење ставете камфор или нешто од камфор. А кога ќе завршите, известете ме.‘” Таа рече: „Кога завршивме, го известивме. Тогаш тој ни ја даде својата наметка и рече: ,Завијте ја во неа.‘ И рече: Нејзината коса ја исплевме во три плетенки.’”
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt ئۇيغۇرچە Hausa Português മലയാളം Kurdî دری Magyar ქართული ไทย অসমীয়া ગુજરાતી Nederlands Kiswahili ਪੰਜਾਬੀالشرح
Кога почина Зејнеб, ќерката на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, тој влезе кај жените кои требаше да ја избањаат и им рече: „Избањајте ја со вода и сидр непарен број пати – трипати, петпати, или повеќе од тоа, ако има потреба. Во последното миење ставете нешто од камфор. А кога ќе завршите, известете ме.“ Кога завршија со нејзиното капење, го известија. Тој им ја даде својата наметка и рече: „Завијте ја во неа и нека биде таа наметка најблиску до нејзиното тело.“ А потоа косата ѝ ја исплеа во три плетенки.فوائد الحديث
Обврската за бањање на починатиот муслиман и дека тоа претставува колективна обврска (фарз кифаје).
Жената ја бањаат само жени, а мажот го бањаат само мажи – освен во случај на сопружници, кога мажот може да ја бања својата сопруга, а сопругата својот маж; исто така сопственикот може да ја избања својата робинка.
Капењето се изведува со три миења; ако тоа не е доволно – со пет; а ако и тоа не е доволно, тогаш се зголемува според потребата и околностите. Потоа, ако излезе нешто нечисто од телото, местото се затвора за да не продолжи да излегува.
Капењето завршува со непарен број миења – три, пет или седум.
Ес-Синди рекол: „Хадисот укажува дека нема строго определен број миења, туку целта е телото да се исчисти, но потребно е тоа да биде со непарен број.“
При миењето се употребува и сидр, бидејќи го чисти и го зацврстува телото на умрениот.
Починатиот се намирисува при последното миење, за мирисот да не се изгуби со водата. Најсоодветно е да се користи камфор, затоа што покрај убавиот мирис, го зацврстува телото и го забавува неговото распаѓање.
Бањањето започнува со благородните делови од телото: десната страна и деловите што се мијат при абдест.
Препорачливо е косата на починатата жена да се исчешла и да се исплете во три плетенки, кои се оставаат зад нејзиното тело.
Дозволено е да се помогне при капење на починатиот, но да не присуствуваат други, освен оние што се потребни за таа работа.
Барање благослов од предметите што му припаѓале на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем – како неговата наметка – е дозволено. Но тоа е посебна одлика само за него и не се пренесува на другите учени или праведници. Овие работи се ограничени на објавата, а асхабите на Веровесникот никогаш не го правеле тоа со некој друг. Покрај тоа, кај други личности тоа може да стане причина што може да води до ширк или искушение за оние што бараат благослов од нив.
Дозволено е доверлива личност да се овласти да изврши работа за која му е доверена одговорност, ако е способен за тоа.
التصنيفات
Капење на мртовецот