„Субханаллах! Навистина верникот не е нечист.“

„Субханаллах! Навистина верникот не е нечист.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ме сретна на една од улиците во Медина, а јас бев џунуб. Се оддалечив и отидов да се искапам. Подоцна, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забележа дека ме нема, па кога се вратив, ме праша: „Каде беше, о Ебу Хурејре?“ Одговорив: „О, Божји пратенику, ме сретна кога бев џунуб и не сакав да седам со тебе додека не се избањав.“ На што тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Субханаллах! Навистина верникот не е нечист.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го сретнал Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, на една од улиците во Медина. Во тој момент Ебу Хурејре бил џунуб, па од почит кон Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не сакал да му пријде, ниту да седне со него, мислејќи дека е нечист. Затоа незабележливо се оддалечил, се избањал а потоа се вратил. Кога се вратил, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го прашал каде бил. Ебу Хурејре ја објаснил својата состојба и рекол дека не сакал да му пријде бидејќи бил џунуб. Тогаш Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, се зачудил и рекол: „Навистина, верникот е чист и не е нечист во ниедна состојба – ниту додека е жив, ниту по смртта.“

فوائد الحديث

На џунубот му е забрането да клања намаз, да го допира мусхафот и да престојува во џамија, но тоа не го спречува да се дружи и да се среќава со муслиманите. Во таа состојба, тој не станува нечист.

Верникот е чист и за време на животот и по смртта.

Треба да се почитуваат угледните, учените и почитуваните луѓе, и да се седи со нив во најубава состојба.

Препорачливо е оној што следи некого да побара дозвола од тој што го следи пред да се оддалечи. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му забележал на Ебу Хурејре што заминал без да го извести. Барањето дозвола е дел од убавото однесување.

Изразот „Субханаллах“ се користи како при восхит и зачуденост.

Дозволено е човек да зборува за својата состојба, дури и ако е нешто што предизвикува срамежливост, доколку во тоа има корист.

Неверникот е нечист, но неговата нечистотија е духовна, поради расипаното верување.

Ен-Невеви рекол: „Од овој хадис се учи дека кога учен ќе забележи нешто кај оној што го следи, за кое се плаши дека е неисправно, треба да го праша, да му ја појасни исправната постапка и да му го објасни прописот.“

التصنيفات

Отстранување на нечистотиите, Гусл – верски дефинирано капење