„Побрзајте со џеназата! Ако била добра – ја водите кон доброто. А ако не била – се ослободувате од злото што го носевте на вашите рамена.“

„Побрзајте со џеназата! Ако била добра – ја водите кон доброто. А ако не била – се ослободувате од злото што го носевте на вашите рамена.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Побрзајте со џеназата! Ако била добра – ја водите кон доброто. А ако не била – се ослободувате од злото што го носевте на вашите рамена.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, поттикнал џеназата да се подготви без одложување – да се изврши нејзиното клањање и бргу да се закопа. Ако покојникот бил добар, тогаш го носите кон наградата и почетокот на уживањето во гробот. А ако не бил таков, тогаш се ослободувате од товарот и злото што сте го носеле.

فوائد الحديث

Ибн Хаџер вели: „Препорачливо е да се побрза со џеназата, но не до степен што може да предизвика штета на телото на умрениот или потешкотии за оние што ја носат или го следат погребот.“

Брзањето е пропишано само кога смртта е сигурна – а не во случаи на ненадејна смрт, при што може да постои сомнеж дека се работи за несвестица. Во такви случаи, телото не треба да се закопа сè додека со сигурност не се потврди дека лицето починало. Ако одложувањето е поради оправдана причина – како што е доаѓање на поголем број клањачи или чекање на блиски роднини – и нема страв дека телото ќе се расипе, тогаш тоа е дозволено.

Да побрзаме со џеназата е во корист на умрениот – ако бил добар, со тоа побргу го приближуваме до милоста и наградата, а ако бил лош, тогаш тоа е корист за тие што го носат.

Имам Невеви рекол: „Од овој хадис можеме да заклучиме дека треба да се избегнува дружење со непобожни и расипани луѓе.“

التصنيفات

Носење на мртовецот и негов закоп