إعدادات العرض
„Кога ќе се постави џеназата (врз носилката) и кога луѓето ќе ја подигнат на своите раменици, ако покојникот бил добар, ќе рече: ,Поведете ме напред!‘
„Кога ќе се постави џеназата (врз носилката) и кога луѓето ќе ја подигнат на своите раменици, ако покојникот бил добар, ќе рече: ,Поведете ме напред!‘
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога ќе се постави џеназата (врз носилката) и кога луѓето ќе ја подигнат на своите раменици, ако покојникот бил добар, ќе рече: ,Поведете ме напред!‘ А ако бил лош, ќе рече: ,Тешко мене, каде ме носите?‘ Неговиот глас го слушаат сите – освен луѓето. А кога тие би можеле да го чујат, би паднале во несвест од страв.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt සිංහල ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî தமிழ் অসমীয়া Nederlands Kiswahili ગુજરાતી Magyar ქართული Română Português ไทย తెలుగు मराठी دری አማርኛ Malagasyالشرح
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека кога џеназата ќе се постави на носилката и мажите ќе ја подигнат на своите раменици, ако покојникот бил добар – ќе рече: „Поведете ме напред!“ – поради она што го гледа од наградата што го очекува. А ако не бил добар – ќе извика со страотен глас: „Тешко мене, каде ме носите?!“ – поради она што го гледа од казната што му претстои. Неговиот глас го слушаат сите – освен луѓето. А кога човекот би можел да го чуе, би паднал во несвест од ужасот на тоа што го слуша.فوائد الحديث
Добриот покојник ги гледа радосните вести уште пред да биде погребан, додека неверникот е престрашен – гледајќи го спротивното.
Постојат звуци што ги слушаат другите суштества, но не и луѓето, звуци што човекот не е во состојба да ги чуе.
Сунет е џеназата да ја носат мажите на своите раменици, а не жените – затоа што Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, им забранил на жените да ја следат џеназата.
التصنيفات
Задгробниот живот