إعدادات العرض
„Јадевме сехур заедно со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа тој стана за да клања. Прашав: ,Колку време имаше меѓу езанот и сехурот?‘ Тој рече: ,Колку што…
„Јадевме сехур заедно со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа тој стана за да клања. Прашав: ,Колку време имаше меѓу езанот и сехурот?‘ Тој рече: ,Колку што е потребно да се прочитаат педесет ајети од Куранот.‘“
Зејд бин Сабит, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Јадевме сехур заедно со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа тој стана за да клања. Прашав: ,Колку време имаше меѓу езанот и сехурот?‘ Тој рече: ,Колку што е потребно да се прочитаат педесет ајети од Куранот.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Bahasa Indonesia Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Français Tiếng Việt සිංහල Hausa Português Kurdî Русский Kiswahili অসমীয়া ગુજરાતી Nederlands മലയാളം Română Magyar ქართული Moore ಕನ್ನಡ Svenska Oromooالشرح
Некои од асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, јаделе сехур заедно со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа тој станал за да клања сабах намаз. Енес, Аллах нека е задоволен со него, го прашал Зејд бин Сабит: „Колкав временски распон имаше помеѓу езанот и завршувањето на сехурот?“ Тој одговорил: „Онолку колку што е доволно да се прочитаат педесет ајети со умерена должина – ни долги ни кратки – и со средно темпо, без брзање и без забавување.“فوائد الحديث
Препорачливо е сехурот да се одложи до самата зора, бидејќи подоцнежното јадење носи поголема корист за телото и дава подолготраен ефект во текот на денот.
Асхабите се стремеле да бидат во друштвото на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за да учат од него.
Од убавото однесување на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е тоа што седел и јадел заедно со неговите асхаби.
Времето на имсак, односно престанувањето со јадење, настапува со појавата на зората.
Зборовите: „Колку време имаше помеѓу езанот и сехурот“ се однесуваат на временскиот распон помеѓу завршувањето со сехурот и икаметот, затоа што во друг хадис стои: „Колку време поминало од кога го завршија сехурот до почетокот на намазот“ – а хадисите меѓусебно се објаснуваат.
Ел-Мухелеб рекол: „Овој хадис покажува дека времето се мерело според времетраење на одредени телесни активности. Арапите обично го пресметувале времето преку давање пример за одредени дела, па велеле: ,колку што се молзе овца‘ или ,колку што се коле камила‘. Но Зејд бин Сабит, Аллах нека е задоволен со него, наместо тоа, дал пример со спомнување времето преку рецитирањето на Куранот, алудирајќи дека тоа било време посветено на ибадет, на читањето на Куранот. А доколку вообичаено го мереле времето на друг начин, тогаш ќе рекол: ,колку трае искачување една скала‘ или ,една третина од петтина саат‘.“
Ибн Ебу Џемра рекол: „Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, секогаш настојувал да го избере она што е полесно и попогодно за неговиот умет, па така и постапувал. Доколку воопшто не би јадел сехур, луѓето би го следеле, а тоа би било тешко за некои од нив. А ако би го јадел сехурот на средина од ноќта, и тоа би претставувало тешкотија – особено за оние што лесно ги совладува сонот – па би можело да доведе до пропуштање на сабах намазот или до тоа да бидат принудени да останат будни до доцна."
التصنيفات
Сунети на постот