Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во моменти на тешкотија и неволја изговарал:…

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во моменти на тешкотија и неволја изговарал: „Ла илахе иллеллаху ел-ʿАзим ел-Халим. Ла илахе иллеллаху Раббул-ʿАршил-ʿАзим. Ла илахе иллеллаху Раббус-семавати ве Раббул-ерд ве Раббул-ʿАршил-Керим.“ (Нема друг вистински бог освен Аллах, Возвишениот и Благиот. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на Величествениот Трон. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на небесата, земјата и Благородниот Трон.)

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во моменти на тешкотија и неволја изговарал: „Ла илахе иллеллаху ел-ʿАзим ел-Халим. Ла илахе иллеллаху Раббул-ʿАршил-ʿАзим. Ла илахе иллеллаху Раббус-семавати ве Раббул-ерд ве Раббул-ʿАршил-Керим.“ (Нема друг вистински бог освен Аллах, Возвишениот и Благиот. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на Величествениот Трон. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на небесата, земјата и Благородниот Трон.)

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, при голема тешкотија и тага, изговарал: „Ла илахе иллеллах“ – Нема друг бог достоен за обожување освен Аллах. „ел-Азим“ – Великиот по значење и положба, Возвишениот во Своето битие, својства и дела. „ел-Халим“ – Благиот, Кој не го казнува грешникот веднаш, туку ја одложува казната, иако има моќ да го казни, а понекогаш му простува. „Ла илахе иллеллаху Раббул-Аршил-Азим“ – Нема друг бог освен Аллах, Господарот на величествениот Трон, Создателот на величествениот Трон. „Ла илахе иллеллаху Раббус-семавати вел-ерд“ – Создателот на небесата и Земјата, Создателот на сè што има во нив, Нивниот Сопственик, Оној што ги одржува, и управува со нив онака како што Тој сака. „Раббул-ʿАршил-Керим“ – Создателот на благородниот Трон.

فوائد الحديث

Задолжителноста човекот при неволја, страв или тешкотија да му се обрати на Аллах со дова.

Препорачливо е да се изговори овој зикр при неволја.

Аршот на Милостивиот, врз кој Возвишениот Аллах се издигнал, е највозвишеното, најголемото и највеличественото од сите создадени суштества. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го опишал како „величествен“ (ʿазим) и „благороден“ (керим).

Небесата и Земјата се посебно спомнати затоа што тие се меѓу најголемите и највидливите созданија кои луѓето можат да ги набљудуваат.

Ет-Тиби рекол: „Овој вид величење започнува со спомнувањето на Господарот, бидејќи токму Тој е Тој што ги отстранува тешкотиите – тоа му прилега на Господарството. Во него се содржи изразот ‘ла илахе иллеллах’, кој ги вклучува начелата на тевхидот (Аллаховото едноштво), што е основата на сите возвишени описни атрибути; и зборот ‘величествен’ (ʿазим) што упатува на совршена моќ; и зборот ‘благ’ (халим), кој упатува на совршено знаење – бидејќи оној што е без знаење, не може да биде благ ниту дарежлив – а токму благоста и дарежливоста се основата на сите возвишени особини на чест.“

التصنيفات

Дови кои се изговараат во моменти на потешкотии