„Го прашав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: ,Кој е најголемиот грев кај Аллах?‘ Тој одговори: ,На Аллах да му припишеш здруженик, а Тој те создал

„Го прашав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: ,Кој е најголемиот грев кај Аллах?‘ Тој одговори: ,На Аллах да му припишеш здруженик, а Тој те создал

Од Абдулах ибн Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го прашав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: ,Кој е најголемиот грев кај Аллах?‘ Тој одговори: ,На Аллах да му припишеш здруженик, а Тој те создал‘, реков: ,Навистина е голем грев.‘, и додадов: ,А кој е најголемиот грев после него?‘ Тој рече: ,Да го убиеш своето чедо, плашејќи се од сиромаштија.‘ Пак прашав: ,А по него?‘, а тој одговори: ,Да направиш блуд со жената на соседот.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник е прашан за најголемите гревови, па одговорил: дека тоа е ширкот, тоа е да веруваме дека Аллах има партнер и истоветен во улухијетот (божеството), рубубијетот (господарството) или Неговите имиња и својства. Овој грев Аллах, Возвишениот, може да го прости само ако човек се покае, а ако некој умре правејќи го, тој ќе остане во огинот засекогаш. Следниот грев е: човек да го убие своето дете од страв да не може да го храни. Убивањето е забрането, но таков грев ќе биде поголем доколку убиениот е од семејството на убиецот. А уште поголем грев ќе биде ако мотив на убиецот е страв дека убиениот ќе му го намали снабдувањето кое Аллах му го пропишал. И на крајот да направи блуд со жената на неговиот комшија, така што ќе ја заведе, ќе ја наведе на блуд па таа ќе му се препушти, а блудот е харам-забранет, но тој е уште поголем грев ако се направи со жената на комшијата, за кој верозаконот пропишал посебна добродетелно кон него, да го почитуваме и убаво да се однесуваме кон него.

فوائد الحديث

Гревовите се разликуваат во големината, исто така и добрите дела се разликуваат според вредноста.

Најголемите гревови се: многубоштвото, убиството на роденото дете стравувајќи од сиромаштија и блудот со жената од соседот.

Снабдувањето е во Аллаховите раце, и Тој им го гарантира снабдувањето на сѐ она кое е создадено.

Правото на соседот е големо, а да го вознемируваме е поголем грев отколку да ги вознемируваме другите.

Создателот е единствениот кој може да се обожува, Тој е Единствен, нема рамен Нему.

التصنيفات

Тевхид рубубијје - Аллаховото едноштво во владеење и управување