„,Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (тој што банкротирал, губитник)?‘

„,Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (тој што банкротирал, губитник)?‘

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (тој што банкротирал, губитник)?‘ Тие рекоа: ,Муфлис кај нас, о Божји Пратенику, е оној што нема дирхем ниту имот.‘ Тој рече: ,Вистинскиот муфлис од мојот умет е оној кој на Судниот ден ќе дојде со намаз, пост и зекат, но ќе дојде и со тоа што навредил некого, наклеветил друг, присвоил имот од третиот, ја пролеал крвта на четвртиот или го удрил петтиот. Тогаш, од неговите добри дела ќе им се даде на оние што ги оштетил. Ако неговите добри дела се потрошат пред да ги намири сите долгови, ќе се земат од нивните гревови и ќе му бидат додадени нему, а потоа ќе биде фрлен во Огнот.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги запрашал асхабите: „Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (губитник)?“ Тие одговориле: „Муфлис кај нас е оној кој нема ниту богатство, ниту имот.“ Тој тогаш им рече: „Вистинскиот муфлис од мојот умет е оној кој на Судниот ден ќе дојде со добри дела како намазот, постот и зекатот, но истовремено ќе дојде и со тоа што го навредил некого и го омаловажил, наклеветил друг, присвоил туѓ имот и одбил нечие право, пролеал нечија крв угнетувал некого,, удрил човек или го понизил. На оштетените ќе им бидат дадени неговите добри дела. Ако неговите добри дела се потрошат пред да ги намири сите права и неправди, од гревовите на оштетените ќе му бидат додадени нему. Потоа, тој ќе биде фрлен во Огнот, бидејќи не му останале добри дела.“

فوائد الحديث

Предупредување за избегнување на забранетите дела, особено оние што се поврзани со материјалните и нематеријалните права на луѓето.

Меѓусебните права кај луѓето се побаруваат со строгост и непростување, додека пак правата на Аллах, освен ширкот, се засновани врз простување.

Користење на метода во дијалогот што го привлекува вниманието на слушателот, го поттикнува неговиот интерес и ја зголемува неговата свест, особено при воспитувањето и советувањето.

Објаснување на значењето на вистинскиот губитник, кој е оној чии добри дела ќе бидат одземени и дадени на оние кои ги оштетил на Судниот ден.

На Судниот ден, одмаздата може да биде причина да се одземат сите добри дела, до тој степен да не остане ништо од нив.

Постапувањето на Аллах со Неговите созданија е секогаш засновано на правда и вистина.

التصنيفات

Ахиретскиот - вечниот живот, Лоши морални особини