إعدادات العرض
,Кога ќе се станете за намаз, порамнете ги редовите (сафовите). Потоа, некој од вас нека ве предводи. Кога тој ќе изговори текбир, изговорете го и вие
,Кога ќе се станете за намаз, порамнете ги редовите (сафовите). Потоа, некој од вас нека ве предводи. Кога тој ќе изговори текбир, изговорете го и вие
Хитан ибн Абдулах ер-Рекаши вели: „Клањав со Ебу Муса ел-Ешари, радијаллаху анху, и кога тој беше на тешехудот (седењето во намазот), еден човек од присутните рече: ,Намазот е пропишан (и потврден) заедно со доброчинството и зекатот.‘ Кога Ебу Муса го заврши намазот и предаде селам, се сврте кон луѓето и рече: ,Кој од вас ја кажа таа реченица?‘ Луѓето молчеа. Потоа повторно праша: ,Кој од вас ја кажа таа реченица?‘ Повторно никој не одговори. Тогаш рече: ,Можеби ти, Хитан, ја кажа?‘ Одговорив: ,Не, не ја кажав, но се исплашив дека ќе ме обвиниш за неа.‘ Тогаш еден од луѓето рече: ,Јас бев тој што го кажа тоа, и не сакав ништо освен добро.‘ Ебу Муса рече: ,Зарем не знаете како треба да изговарате во вашиот намаз? Навистина, Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни одржа хутба, во која ни го објасни нашиот Сунет и нѐ поучи како да го извршуваме нашиот намаз.‘ Па рече: ,Кога ќе се станете за намаз, порамнете ги редовите (сафовите). Потоа, некој од вас нека ве предводи. Кога тој ќе изговори текбир, изговорете го и вие. А кога ќе каже: ,Гајрил Магдуби Алејхим Велед-Даллин‘ (а не на патот на оние врз коишто гневот Свој го разлеа, ниту патот на оние што во заблуда скршнаа!) (ел-Фатиха: 7), кажете: Амин, и Аллах ќе ви одговори. Кога имамот ќе изговори текбир и ќе се поклони на руку, и вие изговорете текбир и поклонете се, бидејќи имамот се поклонува пред вас и се издигнува пред вас.‘ Потоа, Пратеникот ﷺ рече: ,Ова е за возврат на тоа.‘ ,Кога имамот ќе каже: Семи‘а-Ллаху лимен хамидех’ (Аллах го слуша оној што Го фали), вие кажете: ,Аллахумме раббена ле-кел-хамд‘ (О Аллах, Господару наш, Тебе Ти припаѓа пофалбата), и Аллах ќе ве чуе. Зашто, Аллах — благословен и возвишен е Тој — вели преку јазикот на Својот Пратеник ﷺ: ,Семи‘а-Ллаху лимен хамидех.‘‘ (Аллах го слуша оној што Го фали). А кога ќе изговори текбир и ќе падне на сеџда, и вие изговорете текбир и направете сеџда, зашто имамот паѓа на сеџда пред вас и се издигнува пред вас.‘ Потоа, Пратеникот ﷺ рече: ,Ова е за возврат на тоа.‘ ,А кога ќе седнете на тешехуд (последното седење), нека првото што ќе го каже некој од вас биде: Ет-техијјату Ет-тајјибату Ес-салавату лиллaхи, ес-селаму ‘алејке ејјухен-небију ве рахметуллахи ве берекатух, ес-селаму ‘алејна ве ‘ала ‘ибадиллахис-салихин, ешхеду ен лā илахе илла-Ллах, ве ешхеду енне Мухаммеден ‘абдуху ве расулух.‘ (Сите поздрави, благослови и молитви му припаѓаат на Аллах. Нека е мир врз тебе, о Пејгамбере, и милоста и благословот на Аллах. Нека е мир врз нас и врз праведните Аллахови робови. Сведочам дека нема друг бог освен Аллах, и сведочам дека Мухаммед е Негов роб и Пратеник.)
الترجمة
العربية English မြန်မာ Svenska Čeština ગુજરાતી Yorùbá Nederlands اردو Bahasa Indonesia ئۇيغۇرچە বাংলা Türkçe සිංහල हिन्दी Tiếng Việt Hausa Kiswahili پښتو অসমীয়া دری Кыргызча Lietuvių Kinyarwanda नेपाली മലയാളം తెలుగు Bosanski ಕನ್ನಡ Kurdî Oromoo Română Soomaali Shqip Српски Moore Українська Wolof Tagalog தமிழ் Azərbaycan فارسی ქართული 中文 Magyar Português Deutsch Русский አማርኛ bmالشرح
Ебу Муса ел-Ешари, радијаллаху анху, еднаш го предводеше намазот. Кога дојде до седењето за тешехуд, еден човек што клањаше зад него рече: „Намазот е спомнат во Куранот заедно со доброчинството и зекатот.“ Откако Ебу Муса заврши со намазот, се сврте кон присутните и ги праша: „Кој од вас ја кажа реченицата: ,Намазот е спомнат во Куранот со доброчинството и зекатот?‘“ Но сите молчеа и никој не одговори. Тој повторно го постави прашањето. Кога никој не одговори, Ебу Муса рече: „Можеби ти, Хитан, ја кажа?“ – бидејќи тој беше храбар, близок и поврзан со него, па ако го обвини, тоа нема да му пречи, а можеби ќе го поттикне вистинскиот човек да признае. Хитан одговори: „Се исплашив дека ќе ме прекориш, мислејќи дека јас сум ја кажал.“ Тогаш еден човек од присутните рекол: „Јас ја кажав, и не мислев ништо лошо, туку само добро.“ На тоа Ебу Муса го поучи и му рече: „Зарем не знаете што треба да се говори во намазот?“ – изразувајќи го своето чудење и несогласување. Потоа ги извести дека Пратеникот ﷺ еднаш им држал хутба и им ја објаснил нивната вера и ги научил на начинот на клањањето, велејќи: Кога ќе клањата исправете ги сафовите и стојте исправени, потоа некој од вас нека ве предводи во намазот како имам. Кога ќе го изговори првиот текбир и вие изговорете го истото, кога ќе прочита „Гајрил магдуби алејхим ве леддалин-(а не на патот на оние врз коишто гневот Свој го разлеа, ниту патот на оние што во заблуда скршнаа!) (ел-Фатиха: 7), кажете: Амин, и ако така направите Аллах ќе ви ја прими молбата. Кога имамот ќе изговори текбир и ќе се поклони на руку, и вие изговорете текбир и поклонете се, имамот оди на руку пред вас па затоа вие немојте да се поклонувате пред него. Моментот кога вие по него ќе се поклоните на руку ќе ви се надомести со вашето исправање по руку по имамот. Тој момент ќе се компензира со моментот кој следи. Така на руку ќе бидете онолку колку што бил имамот. Кога имамот ќе каже: Семи‘а-Ллаху лимен хамидех’ (Аллах го слуша оној што Го фали), вие кажете: ,Аллахумме раббена ле-кел-хамд‘ (О Аллах, Господару наш, Тебе Ти припаѓа пофалбата), кога тие што клањаат ќе го кажат тоа Аллах ги слуша нивните молитви и дови. Затоа што, Аллах — благословен и возвишен е Тој — вели преку јазикот на Својот Пратеник ﷺ: ,Семи‘а-Ллаху лимен хамидех.‘‘ (Аллах го слуша оној што Го фали). Kога имамот ќе изговори текбир и ќе падне на сеџда, и вие изговорете текбир и направете сеџда, зашто имамот паѓа на сеџда пред вас и се издигнува пред вас.‘ Моментот на доцнење се надокнадува со тоа што подоцна ќе станеме од сеџдата така на сеџда ќе останат ист временски период и имамот и тој што клања зад него. Кога ќе седнат за тешехуд нека кажат: Ет-техијјату Ет-тајјибату Ес-салавату лиллaхи, на Аллах му припаѓа власта, величината и вечноста како и петте намази, ес-селаму ‘алејке ејјухен-небију ве рахметуллахи ве берекатух, ес-селаму ‘алејна ве ‘ала ‘ибадиллахис-салихин, молете го Аллах да ве спаси од секој недостаток, мана, болест и зло, додека му посветуваме посебен селам на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, потоа се поздравуваме себеси и праведните робови кои го извршуваат она што се бара од нив од Аллаховите права и правата на Неговите робови. Потоа ќе посведочиме дека нема друг бог освен Аллах, и дека Мухаммед е Негов роб и Пратеник.فوائد الحديث
Објаснување на една од формите на тешехуд
Деловите од намазот — и постапките и зборовите — задолжително мора да бидат онака како што е пренесено од Пратеникот ﷺ. Не е дозволено никому да измислува нови зборови или дејствија во намазот што не се потврдени во Сунетот.
Не е дозволено да се претекнува имамот во намазот, ниту, пак, да се доцни зад него. Она што е пропишано за (муктедијата) кој клања зад имамот е да го следи имамот во неговите дејствија.
Спомнување на тоа како Пратеникот ﷺ бил посветен на пренесувањето (на верата) и поучувањето на својот народ околу верските прописи.
Имамот е пример за (муктедиите) кои клањаат зад него, па затоа не е дозволено некој да го претекнува во дејствата на намазот, ниту да се изедначува со него, ниту пак да доцни зад него. Следењето на имамот треба да започне откако со сигурност ќе се утврди дека тој навистина влегол во дејството што сака да го изврши. Сунет е да се следи имамот во тие дејства.
Пропишаноста на праволиниското редење на сафовите (редовите) во намазот.