إعدادات العرض
Наместо тоа, кажете: ‚Слушнавме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе ти се вратиме.'
Наместо тоа, кажете: ‚Слушнавме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе ти се вратиме.'
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Кога му беше објавен на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ајетот: „Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата! Го покажувале вие тоа што е во душите ваши или го криеле, Аллах за тоа ќе ве праша, па ќе му прости на тој што сака, а ќе го казни тој што сака! Аллах е Семоќниот.“ (Ел-Бакаре, 284) Тоа многу им падна тешко на асхабите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Па дојдоа кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, паднаа на колена и рекоа: „О, Божји пратенику, ние сме задолжени со дела колку што можеме да поднесеме – намаз, пост, џихад и садака. Но тебе ти е објавен овој ајет, а ние не можеме да го поднесеме.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Зарем сакате да кажете како што рекоа следбениците на двете Книги пред вас: ‚Слушнавме и не се покороруваме‘? Наместо тоа, кажете: ‚Слушнавме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе ти се вратиме.'" Тие рекоа: „Слушнавме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе ти се вратиме.“ Кога тоа го изрекоа и нивните јазици се смирија со тоа, Аллах објави по него: „Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: „Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови“. И велат: „Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.'" (Ел-Бакара, 285) И кога тоа го направија, Аллах го укина тоа што им беше тешко и објави: „Аллах никого не оптоварува преку неговите можности; во негова корист е доброто кое го стекнал, а на негова штета е злото кое го стекнал ,Господару наш, не казнувај нè ако заборавиме или ако нешто не сакајќи направиме!'" (Ел-Бакаре, 286) – Тој рече: „Да.“ „Господару наш, не товари нè со товарот кој си им го натоварил на тие пред нас!“ (Ел-Бакаре, 286) – Тој рече: „Да.“ „Господару наш, не оптоварувај нè со тоа за кое немаме сила!“ (Ел-Бакаре, 286) – Тој рече: „Да.“ „Избриши ни ги гревовите наши, прости ни и смилувај ни се! Ти си нашиот Господар, па помогни ни против народот кој не верува!“ (Ел-Бакара, 286) – Тој рече: „Да.“
الشرح
Кога Севишниот Аллах му ги објави на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, Неговите зборови: „Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата“ – по создавање, поседување, управување и уредување, „Било да го покажувате“ – го искажувале и испојувале – „тоа што е во душите ваши“ – и вашите гради, „или да го криете“ – па го задржите и скриете во вашите срца, „Аллах за тоа ќе ве праша“ на Судниот ден. „Па ќе му прости на тој што сака“ со Неговата добрина и милост, „а ќе го казни тој што сака“ со Неговата праведност. „Аллах е Семоќниот“ – ништо не Му е тешко. Кога асхабите го слушнаа тоа, им стана тешко; бидејќи во него се содржеше повикување на одговорност дури и за она што е во срцето од мислите. Па дојдоа кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, паднаа на колена и рекоа: „О, Божји пратенику, досега бевме задолжени со телесни дела што можеме да ги поднесеме: како намазот, постот, џихадот и садаката. Но сега ти е објавен овој ајет, а ние не можеме да го поднесеме.“ Тогаш тој, салаллаху алејхи ве селем, им рече: „Дали сакате да кажете како што рекоа евреите и христијаните: ,Слушаме и не се покоруваме’? Наместо тоа, кажете: ,Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.’“ Асхабите се одзваа на наредбата на Аллах и на Неговиот пратеник, па рекоа: „Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.“ Кога муслиманите го изговорија тоа со своите јазици и нивните души се покорија на тоа, Аллах објави пофалба за Пратеникот и за неговиот умет со зборовите: „Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците“ – па нивните јазици и срца се покорија на Аллаховата наредба. „Секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: „Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови“. Туку веруваме во сите нив. „И велат: ,Слушаме’ — го слушнавме Твојот говор, ,и се покоруваме’ — на Твојата наредба, и бараме: ,Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме“ — повратокот на Денот кога ќе се воспостави пресметката. Па, кога го направија тоа и го изговорија она што им беше наредено — покажувајќи слух и покорност кон Аллаховите наредби — Аллах им олесни на овој умет и го укина тој ајет со Неговите зборови: „Аллах никого не оптоварува преку неговите можности“ — преку неговата сила, способност и напор. „Во негова корист е доброто кое го стекнал“ — наградата од доброто дело што ќе го направи, „а на негова штета е злото кое го стекнал“ — казната за гревот и престапот. Аллах не казнува никого за гревот на друг, ниту, пак, за она што му шепоти неговата душа. „Господару наш, не казнувај нè ако заборавиме“ — па не се сетиме, — „или ако нешто ненамерно направиме“ — па го оставиме исправното ненамерно. Аллах им одговори и рече: „Да, веќе го направив тоа.“ „Господару наш, не товари нè со товарот“ — со мака и тежина — „кој си им го натоварил на оние пред нас“ — од синовите Израилови и други. Аллах одговори: „Да, веќе го направив тоа.“ „Господару наш, не оптоварувај нè со она за кое немаме сила!“ — со задолженија, искушенија и работи што нè надминуваат. Аллах рече: „Да, веќе го направив тоа.“ „Избриши ни ги гревовите наши, прости ни“ — покриј ги нашите гревови и премини ни, — „и смилувај ни се“ — со Твојата неизмерна милост; — „Ти си нашиот Господар, па помогни ни“ — со воспоставување на доказот и со надмоќ — „против народот кој не верува!“ — во борбата и џихадот против нив. Аллах одговори: „Да, веќе го направив тоа.“فوائد الحديث
Појаснување за Аллаховата милост кон овој умет – поради нивниот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за кого Севишниот Аллах, величејќи ја неговата положба вели: „А тебе само како милост на световите те пративме.” (Ел Енбија, 107)
Потврда за постоењето на докинување (несх) во Куранот – и дека има ајети што се рецитираат, но нивниот пропис е укинат и повеќе не се применува.
Одличието на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив – во нивната покорност и предавање на Аллаховата наредба и нивното следење на наредбата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
Стравот на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, за неговиот умет – да не тргне по патот на претходните народи, кои одбивале и го негирале она што им го носеле Аллаховите наредби.
Обврска за целосна покорност на Аллаховата наредба – и предупредување од противење на неа, бидејќи во тоа има сличност со следбениците на Книгата.
Одликата на овој умет над претходните народи – бидејќи тие им рекле на своите пратеници: „Слушаме и не се покоруваме,“ а овој умет рекол: „Слушаме и се покоруваме.“
Одликата на овој умет е и во тоа што од него е тргната тешкотијата, а неговата дова е примена – па така, не се повикуваат на одговорност за заборав или ненамерна грешка, ниту им е наложено она што им беше наложено на народите пред нив, ниту, пак, се задолжени со нешто што не можат да го поднесат.
Севишниот Аллах не задолжува никого со она што е над неговата сила, туку секого според неговите можности. Што се однесува до помислите и внатрешните нашепнувања – сè додека човекот не им се предаде, не им се приклони и не постапи според нив – тие не му штетат.
Оваа дова Аллах ја спомна преку Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и верниците, и ја направи дел од Неговата Книга – за да остане дова за сите што ќе дојдат по Пратеникот и асхабите, Аллах нека е задоволен со нив. Затоа, тоа е дова што треба да се учи напамет и често да се повторува.
