إعدادات العرض
„Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува...“ (Ет-Теуба, 19) – до…
„Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува...“ (Ет-Теуба, 19) – до крајот на ајетот.“
Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: „Бев кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Еден човек рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да ги напојувам со вода аџиите.’ Друг рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да го одржувам Светиот Храм.’ А трет рече: ,Џихадот на Аллаховиот пат е подобар од тоа што го рековте.’ Па Омер ги укори и им рече: ,Не ги кревајте вашите гласови кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – а тоа беше во петочен ден. Откако ќе го клањам џума намазот, ќе влезам и ќе го прашам за тоа околу што се разидовте.’ Тогаш Севишниот Аллах објави: „Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува...“ (Ет-Теуба, 19) – до крајот на ајетот.“
الترجمة
العربية Português دری Magyar ქართული Tiếng Việt বাংলা Kurdî Indonesia ไทย অসমীয়া Nederlands ਪੰਜਾਬੀ Tagalog Kiswahili Hausa ភាសាខ្មែរ English ગુજરાતી Русский मराठीالشرح
Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека седел кај минберот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кога слушнал еден човек како вели: „Не ми е важно ако по исламот не направам ништо друго, освен да ги напојувам аџиите со вода.“ Друг рекол: „Не ми е важно ако по исламот не направам ништо друго, освен да го одржувам Светиот Храм.“ А трет рекол: „Џихадот на Аллаховиот пат е подобар од тоа што го рековте.“ Тогаш Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, ги прекорил што ги креваа гласовите кај минберот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем – а тоа беше едно петочно утро. Па им рече: „Отакако ќе клањам џума, ќе влезам и ќе го прашам Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за тоа во што се разидовте.“ Тогаш Возвишениот Аллах го објави ајетот: „Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува и кој на Аллаховиот пат се бори? Тие не се еднакви пред Аллах. А Аллах нема да им укаже на Вистинскиот пат на тие што самите си прават неправда.“ (Ет-Теуба, 19)فوائد الحديث
Разликувањето меѓу делата во нивната награда и вредност.
Делата се одликуваат според она што е утврдено со шеријатската објава, а не според човечките мислења и проценки.
Одличието на џихадот на Аллаховиот пат – но под услов тој да биде со верување во Аллах и во Судниот ден.
Имамот ен-Невеви рекол: „Во ова има доказ дека е непожелно кревањето на гласит во џамиите – и на петочен ден и во текот на другите денови. Не треба да се крева гласот ниту со знаење, ниту со нешто друго кога луѓето се собрани за намаз, бидејќи со тоа се предизвикува вознемирување и пречка и за оние што клањаат, и за оние што го спомнуваат Аллах.“
