„Сè што опива во голема количина – забрането е и во мала количина.“

„Сè што опива во голема количина – забрането е и во мала количина.“

Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Сè што опива во голема количина – забрането е и во мала количина.“

[حسن] [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека секоја супстанца – без разлика дали се консумира преку пиење или јадење – која во голема количина го одзема разумот, е забранета и во мала количина, дури и ако не доведува до опивање.

فوائد الحديث

Шеријатот води грижа за заштитата на човечкиот разум.

Овој хадис го потврдува шеријатското правило „затворање на патиштата што водат кон зло“ – забранувајќи го дури и она што може да биде вовед во нешто штетно.

Малата количина од опојната супстанца е забранета, бидејќи претставува пат кон опивањето.

Ако некоја супстанца не опива ниту во мала, ниту во голема количина – не потпаѓа под оваа забрана.

التصنيفات

Забранети пијалоци