إعدادات العرض
„Чувајте се од потценетите (наизглед мали) гревови
„Чувајте се од потценетите (наизглед мали) гревови
Сехл бин Сад, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Чувајте се од потценетите (наизглед мали) гревови, зашто нивниот пример е како група луѓе што застанале во средината на една долина, па секој донел по едно дрвце, додека не собрале доволно за да испечат леб. Навистина, малите гревови – кога човекот ќе биде казнет за нив – можат да го уништат.“
الترجمة
العربية Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Bahasa Indonesia Kiswahili Hausa සිංහල English ગુજરાતી Magyar ქართული Română Русский Português ไทย తెలుగు मराठी دری Türkçe አማርኛ বাংলা Kurdî Malagasyالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредил на опасноста од потценување на малите гревови и лесното паѓање во нив – особено кога човекот постојано ги прави, бидејќи, кога ќе се намножат, можат да го уништат. Затоа дал пример со група луѓе кои се сместиле во средината (внатрешноста) на една долина – па секој донел по едно мало дрвце, сè додека не собрале доволно за да запалат оган и испечат леб. На сличен начин, малите гревови – ако човек биде казнет за нив, а не се покајал, ниту Аллах му ги простил – можат да го уништат.فوائد الحديث
Од праксата на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, при советување, е користењето споредби за да се доближат значењата.
Предупредување од занемарување на малите гревови, како и поттик да се побрза со искупување за истите.
Изразот „потценети гревови“ може да се однесува на:
1. Грев што човекот го смета за безначаен, а кај Аллах е тежок.
2. Мал грев што се повторува без каење и без грижа на совест – а кога ќе се насоберат, стануваат причина за уништување.
3. Мали гревови кон кои човек се однесува рамнодушно – а тие може да го одведат кон поголеми и поопасни гревови.
التصنيفات
Осудување на гревовите