„Навистина, верникот во Џенетот ќе има шатор од една шуплива бисерна школка, долг шеесет милји. Во него ќе има свои семејства, и тој ќе ги посетува, а едните со…

„Навистина, верникот во Џенетот ќе има шатор од една шуплива бисерна школка, долг шеесет милји. Во него ќе има свои семејства, и тој ќе ги посетува, а едните со другите нема да се гледаат.“

Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, верникот во Џенетот ќе има шатор од една шуплива бисерна школка, долг шеесет милји. Во него ќе има свои семејства, и тој ќе ги посетува, а едните со другите нема да се гледаат.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил за дел од насладите во Џенетот и рекол дека верникот таму ќе има огромен шатор, широк и со пространа внатрешност, направен од една шуплива бисерна школка. Должината и ширината во височина му се шеесет милји. Во секој од четирите аголи од шаторот ќе има сопруги, кои нема да се гледаат меѓусебно, а верникот ќе ги посетува.

فوائد الحديث

Укажување на големината на насладите што ги имаат жителите на Џенетот.

Поттикнување на добри дела преку појаснување на уживањата што Аллах им ги подготвил.

التصنيفات

Опис на Џенетот и Џехене