„Кој ќе го рецитира Ајетул-Курсиј после секој задолжителен намаз, нема да го спречи од влезот во Џенетот освен смртта.“

„Кој ќе го рецитира Ајетул-Курсиј после секој задолжителен намаз, нема да го спречи од влезот во Џенетот освен смртта.“

Ебу Умаме, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе го рецитира Ајетул-Курсиј после секој задолжителен намаз, нема да го спречи од влезот во Џенетот освен смртта.“

[صحيح]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека оној кој ќе го рецитира Ајетул-Курсиј по завршувањето на задолжителниот намаз, ништо нема да го спречи да влезе во Џенетот освен смртта. Ајетул-Курсиј се наоѓа во сурата Ел-Бекаре и гласи: „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!“ (Ел Бекаре, 255)

فوائد الحديث

Вредноста на овој благословен ајет произлегува од неговата содржина, која ги опфаќа возвишените имиња и совршените атрибути на Аллах.

Препорачливо е овој величествен ајет да се рецитира по секој задолжителен намаз.

Добрите дела се причина за влез во Џенетот.

التصنيفات

Зикрови во намазот