„Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и…

„Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“ Потоа Ебу Хурејре рекол: „Цитирајте, ако сакате: ,И намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.‘“ (Ел Исра, 78)

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека наградата и вредноста на намазот што мажот го клања во џемат, зад имамот, е поголема за дваесет и пет намази од наградата кога би клањал сам – било во својот дом или на пазар. Потоа, салаллаху алејхи ве селем, спомнал дека при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот. А Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, го потврдил ова наведувајќи го следниов ајет како доказ: Цитирајте ако сакате: „...бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.“ (Ел Исра, 78) Што значи дека на сабахскиот намаз присуствуваат мелеците на денот и на ноќта.

فوائد الحديث

Ибн Хаџер рекол: „Намазот извршен во џамија во џемат е повреден од намазот извршен дома или на пазар – било да е извршен поединечно или во џемат. Ова го спомнал и Ибн Декик ел-Иид."

Овој хадис укажува на посебната вредност на сабахскиот намаз, бидејќи за него е спомнато дека се собираат и мелеците на ноќта и мелеците на денот.

Ибн Баз рекол: „Верникот треба да се труди да ги клања сите намази во џемат, дури и ако џамијата е оддалечена – за да ја постигне оваа голема награда.“

Имамот Невеви, објаснувајќи ја разликата меѓу хадисите во кои се спомнува дека намазот во џемат е повреден за дваесет и пет степени, и оние во кои се спомнуваат дваесет и седум, вели дека усогласувањето меѓу нив може да се сфати на три начини:

1. Нема противречност – спомнувањето на помал број не го негира поголемиот. Според принципите на исламското право, наведувањето одреден број не го исклучува она што е повеќе.

2. Можно е прво да бил пренесен помалиот број, а потоа Аллах го известил Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за поголемата награда, па тој ја пренел.

3. Наградата може да се разликува во зависност од состојбата на клањачот и на самиот намаз – кај некои луѓе наградата е дваесет и пет, а кај други дваесет и седум – според степенот на нивната смиреност, грижата за намазот, бројот на џематлиите и вредноста на џематот, местото каде што се клања и слични фактори. А Аллах најдобро знае.

التصنيفات

Вредноста на намазот во џемат и прописите поврзани со тоа