إعدادات العرض
Еден човек го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „,Кога ќе настапи Часот (Судниот ден)?‘ Тој му одговори: ,А што си подготвил за него?‘
Еден човек го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „,Кога ќе настапи Часот (Судниот ден)?‘ Тој му одговори: ,А што си подготвил за него?‘
Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Еден човек го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „,Кога ќе настапи Часот (Судниот ден)?‘ Тој му одговори: ,А што си подготвил за него?‘ Човекот рече: ,Ништо, освен што го сакам Аллах и Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.‘ Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: ,Ќе бидеш со оној кого го сакаш.‘ Енес вели: ,Ништо не нѐ израдува толку, колку зборовите на пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: Ќе бидеш со оној кого го сакаш.‘ Потоа додаде: ,Го сакам пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, Ебу Бекр и Омер, и се надевам дека ќе бидам со нив поради мојата љубов кон нив, иако не ги достигнав нивните дела.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt සිංහල Kurdî Kiswahili Português አማርኛ অসমীয়া ગુજરાતી Nederlands नेपाली پښتو Svenska دری ไทย Hausa മലയാളം Кыргызча Română Oromoo తెలుగు Malagasy ಕನ್ನಡ Српски ქართული Moore Kinyarwanda Magyarالشرح
Еден бедуин го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Кога ќе настапи Часот (Судниот ден)?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори со прашање: „А што си подготвил за него од добрите дела?“ Човекот рече: „Немам многу добри дела, освен тоа што го сакам Аллах и Неговиот пратеник.“ Не спомна други ибадети – ниту срцеви, ниту телесни, ниту материјални, бидејќи сите тие произлегуваат од љубовта, а искрената љубов е поттик за посветеност на добрите дела. Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Ќе бидеш во Џенетот со оној кого го сакаш.“ Асхабите многу се израдуваа на оваа радосна вест. Енес, Аллах нека е задоволен со него, рече: „Го сакам пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, Ебу Бекр и Омер, и се надевам дека ќе бидам со нив, иако моите дела не се како нивните.“فوائد الحديث
Мудроста на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во неговиот одговор на тој што прашува – го насочи кон она што е најважно и што ќе му донесе спас, а тоа е подготовката за Ахиретот преку правењето добри и корисни дела.
Аллах ја скрил точната временска одредница на Часот за луѓето постојано да останат подготвени за средбата со Него.
Вредноста на љубовта кон Аллах, Неговиот пратеник и добрите верници, како и предупредувањето за опасноста од љубовта кон многубошците.
Зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Ќе бидеш со оној кого го сакаш“ – не значат дека сите ќе бидат на ист степен и положба во Џенетот, туку дека верниците ќе бидат заедно во него, при што секој ќе може да го види оној што го сака, иако нивните степени може да бидат различни.
Насочување на муслиманот кон она што е покорисно и поважно за него, и да избегнува прашања што не му носат корист.