إعدادات العرض
„Меѓу народите пред вас имало еден цар кој имал волшебник
„Меѓу народите пред вас имало еден цар кој имал волшебник
Сухејб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Меѓу народите пред вас имало еден цар кој имал волшебник. Кога волшебникот остарел, му рекол на царот: ,Јас остарив, затоа испрати ми едно момче за да го научам на волшебништво.‘ Царот му испратил момче. На патот до волшебникот, момчето поминувало покрај еден монах, седнувало кај него и внимателно го слушало неговиот говор, кој многу му се допаѓал. Кога доаѓаше кај волшебникот, пак минуваше покрај монахот и седеше со него. Поради доцнењето, волшебникот го тепаше. Момчето се пожали кај монахот, па тој му рече: ,Кога ќе се исплашиш од волшебникот, кажи: – Ме задржаа моите родители. – А кога ќе се исплашиш од родителите, кажи: – Ме задржа волшебникот.‘ Еден ден момчето наиде на голема ѕверка што го блокирала патот на луѓето. Рече: ,Денес ќе дознаам чија работа е посакана кај Аллах – на монахот или на волшебникот.‘ Зеде камен и рече: ,О, Аллах, ако делото на монахот е посакано кај Тебе од делото на волшебникот, убиј ја оваа ѕверка за да можат луѓето да продолжат.‘ Го фрли каменот, ја уби ѕверката и луѓето поминаа. Момчето му го раскажа тоа на монахот, а тој му рече: ,Сине мој, денес си подобар од мене. Постигна степен што јас го гледам. Но, ќе бидеш ставен на искушение. Ако тоа се случи – не откривај ме.‘ Со текот на времето, момчето почна да лекува луѓе: ги излекуваше слепородените, лепрозните и ги лекуваше од многу болести. Еден близок на царот, кој бил ослепен, слушнал за него, му донел многу подароци и рекол: ,Сето ова е твое ако ме излечиш.‘ Момчето одговорило: ,Јас не лекувам никого – лекува само Аллах. Ако поверуваш во Аллах, ќе се помолам и Аллах ќе те излечи.‘ Човекот поверувал, па Аллах го излечил. Потоа седнал до царот како и порано. Царот го прашал: ,Кој ти го врати видот?‘ Тој одговорил: ,Мојот Господар.‘ Царот рекол: ,А зарем имаш Господар освен мене?‘ Тој рекол: ,Мојот Господар и твојот Господар е Аллах.‘ Царот го фатил и го мачел сè додека не го открил момчето. Го довеле момчето, и царот му рекол: ,Сине мој, изгледа твоето волшебништво стигнало дотаму што лекуваш слепородени, лепрозни и го правиш сето ова.‘ Момчето рекло: ,Јас не лекувам никого – лекува само Аллах.‘ Царот го мачел сè додека не му го открил монахот. Го довеле монахот и му рекле: ,Откажи се од верата!‘ Тој одбил. Тогаш царот наредил да донесат пила и ја ставиле на средината на неговата глава, ја расекле на две половини и двете паднале. Потоа го довеле блискиот на царот и му рекле: ,Откажи се од верата!‘ Тој одбил, па му ја ставиле пилата на главата и ја расекле на две половини. Потоа го довеле момчето и му рекле: ,Откажи се од верата!‘ Тоа одбило. Царот го предал на неговите луѓе и рекол: ,Однесете го на планински врв. Ако се откаже од верата – оставете го. Ако не – фрлете го.‘ Го однеле на планината. Момчето рекло: ,О, Аллах, заштити ме од нив како што Ти сакаш.‘ Планината затреперила, тие паднале, а момчето се вратило пеш кај царот. Царот го прашал: ,Што стана со твоите придружници?‘ Момчето рекло: ,Аллах ме заштити од нив.‘ Царот го предал на други луѓе и рекол: ,Однесете го до морето. Ако се откаже од верата – оставете го. Ако не – фрлете го во морето.‘ Го ставиле во чамец. Момчето рекло: ,О, Аллах, заштити ме од нив како што Ти сакаш.‘ Чамецот се превртел, тие се удавиле, а момчето повторно пеш се вратило кај царот. Царот го прашал: ,Што стана со твоите придружници?‘ Момчето рекло: ,Аллах ме заштити од нив.‘ Потоа му рекло на царот: ,Нема да можеш да ме убиеш сè додека не направиш како што ќе ти кажам.‘ Царот прашал: ,А што е тоа?‘ Момчето рекло: ,Собери ги сите луѓе на едно широко место и приковај ме на трупец. Потоа земи стрела од мојата футрола, стави ја на тетивата и кажи: – Во името на Аллах, Господарот на момчето. Потоа гаѓај ме – и ќе ме убиеш.’ Царот ги собрал луѓето, го приковал момчето, зел стрела од неговата футрола, ја ставил на тетивата и рекол: ,Во името на Аллах, Господарот на момчето!‘ Стрелата го погодила во слепоочницата. Момчето ја ставило раката на местото на стрелата и умрело. Луѓето трипати извикале: ,Поверувавме во Господарот на момчето! Поверувавме во Господарот на момчето! Поверувавме во Господарот на момчето!‘ Му дошле на царот и рекле: ,Гледаш ли од што се плашеше? Тоа и се случи – луѓето поверуваа.‘ Тогаш царот наредил да ископаат ровови долж улиците и да запалат оган. Потоа рекол: ,Кој нема да се откаже од верата – фрлете го во огнот или кажете му сам да скокне.‘ Така правеле, сè додека не дошла една жена со своето бебе. Се поколебала да скокне, па бебето ѝ рекло: ,Мајко, биди трпелива, ти си на вистината.‘“
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia اردو 中文 हिन्दी Kurdî Русский Tiếng Việt Magyar ქართული Kiswahili සිංහල Română অসমীয়া Hausa ไทย Português मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛ বাংলা ગુજરાતી Nederlandsالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека меѓу народите пред нас имало еден цар кој имал волшебник. Кога волшебникот остарел, му рекол на царот: „Јас остарев, затоа испрати ми едно момче за да го научам на волшебништво.“ Царот му испратил едно момче за да го поучува. Кога момчето одеше кај волшебникот, на патот среќаваше еден монах; еднаш седна кај него и го слушна неговиот говор, кој многу му се допадна. Оттогаш, секојпат кога одеше кај волшебникот, прво минуваше покрај монахот и седеше кај него. А кога ќе стигнеше кај волшебникот, тој го казнуваше поради задоцнувањето. Момчето му се пожали на монахот, па монахот му рече: „Кога ќе се исплашиш од волшебникот, кажи: ,Ме задржаа моите родители.‘ А кога ќе се исплашиш од родителите, кажи: ,Ме задржа волшебникот.‘“ Еден ден момчето наиде на голема ѕверка која го попречила патот на луѓето. Тогаш рече: „Денес ќе дознаам кој е поблиску до Аллах – монахот или волшебникот.“ Зеде камен и рече: „О, Аллах, ако делото на монахот е поисправно кај Тебе од делото на волшебникот, убиј ја оваа ѕверка за луѓето да можат да продолжат.“ Го фрли каменот, ја уби ѕверката и луѓето поминаа. Момчето отиде кај монахот и му го раскажа настанот. Монахот му рече: „Сине мој, денес ти си подобар од мене. Постигна степен што јас го гледам. Но, ќе бидеш ставен на искушение. Ако тоа се случи – немој да ме издадеш.“ Момчето почна, со дозвола од Аллах, да лекува луѓе: ги лекуваше слепородените, лепрозните и разни други болести. Еден близок на царот, кој го изгубил видот, слушна за момчето и му донесе многу подароци. Му рече: „Сè што е овде е твое ако ме излечиш.“ Момчето одговори: „Јас не лекувам никого – лекува само Аллах. Ако поверуваш во Аллах, ќе се помолам и Аллах ќе те излечи.“ Човекот поверувал во Аллах и Аллах го излечил. Потоа отишол кај царот и седнал до него како и порано. Царот го прашал: „Кој ти го врати видот?“ Тој рекол: „Мојот Господар.“ Царот рекол: „А покрај мене, имаш ли ти друг Господар?“ Тој одговорил: „Мојот Господар и твојот Господар е Аллах.“ Царот го фатил и го мачел сè додека не му го открил момчето. Го довеле момчето и царот му рекол: „Сине мој, твоето волшебништво стигнало дотаму што лекуваш слепородени, лепрозни и правиш разни чуда.“ Момчето рекло: „Јас не лекувам никого – лекува само Аллах.“ Царот го мачел сè додека не му го открил монахот. Го довеле монахот и му рекле: „Откажи се од верата!“ Тој одбил. Царот повикал да донесат пила, ја ставиле на средината на неговата глава и ја расекле на две половини. Потоа го довеле блискиот на царот и му рекле: „Откажи се од верата!“ Тој одбил. Му ја ставиле пилата на главата и ја расекле на две половини. Потоа го довеле момчето и му рекле: „Откажи се од верата!“ Тоа одбило. Царот го предал на група луѓе – меѓу три и десет – и им рекол: „Однесете го на тој и тој планински врв. Ако се откаже од верата – оставете го. Ако не – фрлете го.“ Го однеле на планината. Момчето рекло: „О, Аллах, заштити ме од нив како што Ти сакаш.“ Планината силно затреперила, тие паднале и загинале, а момчето се вратило пеш кај царот. Царот го прашал: „Што стана со твоите придружници?“ Момчето рекло: „Аллах ме заштити од нив.“ Царот го предал на друга група луѓе и им рекол: „Однесете го во мал чамец на средината на морето. Ако се откаже од верата – оставете го. Ако не – фрлете го.“ Го однеле и момчето рекло: „О, Аллах, заштити ме од нив како што Ти сакаш.“ Чамецот се превртел, тие се удавиле, а момчето повторно се вратило пеш кај царот. Царот го прашал: „Што стана со твоите придружници?“ Момчето рекло: „Аллах ме заштити од нив.“ Потоа му рекло на царот: „Нема да можеш да ме убиеш сè додека не направиш како што ќе ти кажам.“ Царот прашал: „А што е тоа?“ Момчето рекло: „Собери ги сите луѓе на едно отворено место и приковај ме на стебло. Потоа земи стрела од мојата футрола, стави ја на лакот и кажи: ,Во името на Аллах, Господарот на момчето!‘ Потоа стрелај – и ќе ме убиеш.“ Царот ги собра луѓето на едно место, го прикова момчето на стебло, зеде стрела од колчаницата, ја стави на лакот и рече: „Во името на Аллах, Господарот на момчето!“ Ја исфрли стрелата, таа го погоди во слепоочницата меѓу окото и увото. Момчето ја стави раката на местото на стрелата и умре. Луѓето извикаа: „Поверувавме во Господарот на момчето! Поверувавме во Господарот на момчето! Поверувавме во Господарот на момчето!“ Му дојдоа на царот и му рекоа: „Гледаш ли од што се плашеше? Ете, тоа и се случи – луѓето поверуваа.“ Царот наредил да ископаат долги и широки ровови долж улиците и да запалат огнови во нив. Потоа рекол: „Кој нема да се откаже од верата – фрлете го во огнот.“ Така правеле, сè додека не дошла една жена со своето бебе. Таа застанала, колебајќи се да влезе во огнот. Тогаш бебето ѝ рекло: „Мајко, биди трпелива – ти си на вистината.“فوائد الحديث
Потврда на кераметите на Аллаховите штитеници (евлии) – меѓу нив е убиството на големата ѕверка со еден камен, двојното примање на довата на момчето и говорот на доенчето.
Аллахова помош за оној што се потпира на Него.
Величината на трпението и истрајноста во верата.
Мудроста на учењето во младоста – бидејќи младите побрзо и полесно паметат од возрасните.
Силниот иман на момчето – тој не се поколеба и не се одврати од верата.
Возвишениот Аллах ја прима довата на оној што е во крајна нужда, кога искрено ќе Го замоли.
Дозволено е човек да се изложи на опасност заради општата корист на муслиманите. Момчето свесно му укажа на царот како да го убие и со тоа ја жртвуваше својата душа – му рече да земе стрела од неговата футрола, да ја стави на лакот и да каже: „Во името на Аллах, Господарот на момчето.“
Дозволено е лажење во војна и слични ситуации, како и за спас од сигурна смрт.
Верникот се става на искушение за да се провери искреноста на неговиот иман и истрајноста на вистината, дури и ако тоа доведе до загуба на животот.
Жртвување на животот во името на повикувањето кон Аллах и обзанувањето на вистината.
Срцата на луѓето се во Алалховите раце – Тој упатува кого сака, а остава во заблуда кого сака. Момчето беше упатено и покрај тоа што беше во рацете на волшебникот и под заштита на тиранин.
Дозволено е верникот да Го замоли Аллах за знак преку кој ќе ја препознае вистината и ќе добие убедување.
Верниците ги користат сите благодати што Аллах им ги дал за служење на верата и за повикување кон Неговиот пат.
Причините за уништување се само во Аллаховите раце. Ако сака – ќе се остварат; ако не сака – ќе исчезнат.
Неверниците не страдаат од недостаток на докази; нивното неверство произлегува од тврдоглавост и вообразеност.
Тиранините и зулумќарите се подготвени да убијат цели народи само за да ја задржат својата власт, удобност и уживање на овој свет.
Аллах ги казнува неправедните од каде што не очекуваат. Луѓето поверуваа во Господарот на момчето кога ја видоа неговата истрајност, искрениот повик и тоа што не се плашеше од прекор заради Аллах.
Освен Иса, алејхи селам, имало и други што зборувале во колевка. Овој хадис го појаснува зборот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Во колевка зборувале само тројца...“ – и ги спомнува, ограничувајќи го тоа на синовите Израилови.