Затоа што, се колнам во Аллах дека, ако Аллах преку тебе упати еден човек, тоа е подобро за тебе од поседувањето на црвените камили.‘“

Затоа што, се колнам во Аллах дека, ако Аллах преку тебе упати еден човек, тоа е подобро за тебе од поседувањето на црвените камили.‘“

Од Сехл бин Саад, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на денот на Хајбер рекол: „,Утре ќе му го дадам знамето на човек преку кого Аллах ќе даде победа. Тој го сака Аллах и Неговиот пратеник, и Аллах и Неговиот пратеник го сакаат него. Сехл рече: ,Луѓето ја поминаа ноќта во исчекување, прашувајќи се кој ќе го добие знамето. Кога осамна, сите се упатија кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, надевајќи се дека ќе им го даде знамето. Но тој праша: Каде е Али бин Ебу Талиб?‘ Му одговорија: ,О Божји пратенику, тој се жали на болки во очите.‘ Тогаш рече: ,Повикајте го.‘ Али беше доведен пред него, па Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, плукна во неговите очи и упати дова за него. Болката исчезна, како никогаш да не ја имал. Потоа му го предаде знамето. Али рече: ,О Божји пратенику, дали да се борам со нив додека не станат исти како нас?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: ,Однесувај се смирено додека не стигнеш на нивната територија. Потоа повикај ги во исламот и објасни им ги нивните обврски кон Аллах. Затоа што, се колнам во Аллах дека, ако Аллах преку тебе упати еден човек, тоа е подобро за тебе од поседувањето на црвените камили.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги известил асхабите дека муслиманите ќе извојуваат победа над eвреите од Хајбер следниот ден, преку човек кому ќе му го довери знамето – обележјето на војската. Овој човек се одликувал со тоа што го сакал Аллах и Неговиот пратеник, а и Аллах и Неговиот пратеник го сакале него. Асхабите ја поминале ноќта во разговори и размислување за тоа кому ќе му биде доверено знамето, посакувајќи ја оваа голема чест. Кога осамнало утрото, сите се упатиле кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со надеж дека токму тие ќе ја добијат оваа привилегија. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, прашал за Али бин Ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со него. Му одговорија дека е болен и дека се жали на болки во очите. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испрати по него. Кога го доведоа, тој плукна во неговите очи од својата благословена плунка и упати дова за него. Болеста целосно исчезна, како никогаш да ја немал. Потоа му го доверил знамето и му нареди да продолжи со смиреност додека не се приближи до тврдината на непријателот, а потоа да ги повика во исламот, а ако го прифатат, да им ги објасни обврските што Аллах им ги пропишал. Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му ја истакна на Али вредноста на повикувањето кон Аллах, нагласувајќи дека ако некој преку него биде упатен, тоа е подобро за него од црвените камили – тоа било највредното богатство за Арапите, Даветот е повреден од тоа да се поседуваат или да се дадат како садака овие црвени камили.

فوائد الحديث

Вредноста на Али бин eбу Талиб, Аллах нека е задоволен со него, и сведоштвото на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека тој го сака Аллах и Неговиот пратеник, а и Аллах и Неговиот пратеник го сакаат него.

Желбата на асхабите за добри дела и нивното натпреварување во стремежот да ги постигнат.

Пропишаноста на однесувањето со смиреност за време на борбата, без покажување несмасност или користење непотребни и вознемирувачки звуци.

Еден од доказите за пратеништвото на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е неговата најавa за победата над евреите и излекувањето на очите на Али бин Ебу Талиб, со Аллахова дозвола.

Главната цел на џихадот е луѓето да влезат во исламот.

Повикот во исламот треба да се спроведува постепено – најпрво да се побара од неверникот да го прифати исламот преку изговарање на двата шахадета, а потоа да му се објаснат обврските на исламот.

Вредноста на повикувањето во исламот и добрината што ја носи како за оној кој е повикан, така и за оној кој повикува – повиканиот може да биде упатен, а оној кој повикува ќе биде награден со голема награда.

التصنيفات

Медицина, лекување и шеријатска рукја, Одликите на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, Битките и воените походи на Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се со него