„Дуњалукот е затвор за верникот, а Џенет за неверникот.“

„Дуњалукот е затвор за верникот, а Џенет за неверникот.“

Ебу Хурejре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Дуњалукот е затвор за верникот, а Џенет за неверникот.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека животот на овој свет за верникот е како затвор, бидејќи е должен да ги исполнува шеријатските обврски – да ги извршува наредбите и да се воздржува од забраните. Со смртта, тој се ослободува од тие ограничувања и преминува кон вечнато насладуваше што Аллах му ја подготвил. Додека за неверникот, овој свет е како Џенет – живее без ограничувања, според своите желби и страсти. Но, кога ќе настапи смртта, преминува кон трајната казна што Аллах му ја подготвил на Судниот ден.

فوائد الحديث

Ен-Невеви рекол: „Секој верник на овој свет е како во затвор – оддалечен од забранетите и непожелните страсти, задолжен со извршување на напорни ибадети. Кога ќе умре, се ослободува од сето тоа и преминува кон вечното уживање што Аллах му ја подготвил, кон совршен одмор без никакви маки. Додека неверникот ужива само во малку од тоа што го добива на дуњалукот, а и тоа е испреплетено со непријатности. Кога ќе умре, преминува кон вечната казна и трајната несреќа.“

Ес-Синди рекол: „Зборовите ,затвор за верникот‘ значат дека, иако тој има благодати на овој свет, Џенетот е многу подобар од него. А ,Џенет за неверникот‘ значи дека, иако можеби неговиот живот е тежок, Огнот е многу пострашен од тоа.“

Дуњалукот е безвреден кај Аллах.

Овој свет е место на искушенија и испит за верниците.

Неверникот го добил својот „Џенет“ на овој свет, а на Ахиретот ќе биде лишен од вистинскиот Џенет и неговите вечни наслади.

التصنيفات

Скромност и побожност, Осудување на љубовта кон овој свет