,Никој од вас нека не умре, освен со убаво мислење за Аллах.‘“

,Никој од вас нека не умре, освен со убаво мислење за Аллах.‘“

Од Џабир, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, три дена пред неговата смрт како вели: ,Никој од вас нека не умре, освен со убаво мислење за Аллах.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го поттикнал муслиманот да се преселеи на вечниот свет со добро мислење за Аллах, така што на смртната постела неговата надеж во Аллаховата милост и прошка да преовладува над стравот. Бидејќи, стравот го поттикнува човекот да ги поправи своите дела, но во моментот на смртта, кога повеќе нема можност за дела, треба да преовладува надежта.

فوائد الحديث

Грижата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за упатството на неговиот умет и неговата милост кон него се манифестирале во сите негови состојби, дури и за време на болеста и пред неговата смрт. Дури и тогаш, тој продолжил да го советува својот умет и да го насочува кон патиштата на спасот.

Ет-Тиби рекол: „Поправајте ги своите дела сега, за да имате убаво мислење за Аллах во моментот на смртта. Затоа што оној кој правел лоши дела во животот, ќе има лошо мислење за Аллах за време на смртта.“

Најпотполната состојба на верникот е рамнотежата меѓу надежта и стравот, со преовладување на љубовта. Љубовта е како возило, надежта е водич, а стравот поттик. А Аллах, со Својата милост и добрина, е Оној што го доведува човекот до целта.

Оној кој е покрај човек што е на смртната постела треба да му влева надеж и да го поттикнува да има добро мислење за Аллах, бидејќи во овој хадис се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го кажал тоа три дена пред неговата смрт.

التصنيفات

Дела на срцето