إعدادات العرض
„Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него, освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“
„Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него, освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, рекол: Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него, освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt සිංහල Hausa Kurdî தமிழ் Nederlands Kiswahili অসমীয়া ગુજરાતી Magyar ქართული Română ไทย Português मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека овој свет како и сè што на него – е омразено кај Аллах, затоа што обично го одвлекува човекот од спомнување на Аллах и од покорност кон Него. Тоа е нешто без вистинска вредност во очите на Аллах, освен ако не е насочено кон Неговото задоволство. Исклучок од ова се: – спомнувањето на Аллах (зикр), – сè што води кон Неговата близина и послушност Нему, – учените што пренесуваат шеријатско знаење, – и оние што тоа знаење го бараат и го учат.فوائد الحديث
Дуњалукот не треба да се проколнува во апсолутна смисла, бидејќи постојат хадиси што го забрануваат тоа. Но, дозволено е да се осуди она што од него го оддалечува човекот од Аллах и го попречува во покорноста.
Сè што е од овоземните уживања е безвредна игра и забава – освен она што е насочено кон спомнувањето на Аллах и што води кон Неговата блискост.
Хадисот ја истакнува вредноста на знаењето, и вредноста на оние што го поседуваат и го учат.
Ибн Тејмије вели: „Од дуњалукот е осудено она што е харам и се користи надвор од дозволената цел, или она што е халал но се користи за натпреварување, горделивост, покажување и фалење. Тоа е она што е омразено кај разумните луѓе.“
التصنيفات
Осудување на љубовта кон овој свет