,Соберете се заедно околу храната и спомните го Аллаховото име над неа – тогаш ќе има бериќет за вас во неа.‘“

,Соберете се заедно околу храната и спомните го Аллаховото име над неа – тогаш ќе има бериќет за вас во неа.‘“

Вахши бин Харб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Му рековме на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,О, Божји пратенику, јадеме, а не се заситуваме.‘ Тој праша: ,Да не јадете одделено?‘ Рековме: ,Да.‘ Тогаш тој рече: ,Соберете се заедно околу храната и спомните го Аллаховото име над неа – тогаш ќе има бериќет за вас во неа.‘“

[حسن] [رواه أبو داود وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Некои од асхабите го прашале Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Јадеме, а не се заситуваме.“ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ги прашал: „Можеби јадете раздвоени – секој посебно?“ Тие одговориле: „Да.“ Тогаш тој рекол: „Соберете се и јадете заедно, и спомнувајте го Аллаховото име со зборовите: ,Бисмиллах‘ – тогаш храната ќе биде со бериќет и ќе се заситите.“

فوائد الحديث

Заедничкото јадење и изговарањето „бисмиллах“ на почетокот на јадењето се причина за бериќет во храната и за тоа човекот да се засити.

Раздвојувањето секогаш носи зло, а обединувањето носи добро.

Хадисот поттикнува на заедничко јадење и изговарање „бисмиллах“ на почетокот на оброкот.

Ес-Синди рекол: „Кога луѓето јадат заедно, бериќетот се спушта врз храната, а со спомнувањето на Аллаховото име, шејтанот се спречува да ѝ пристапи.“

التصنيفات

Едеби при јадењето и пиењето