„Навистина, Семоќниот и Возвишениот Аллах ја пружа Својата рака ноќе за да му даде можност за покајание на оној кој згрешил преку денот и ја пружа Својата рака дење…

„Навистина, Семоќниот и Возвишениот Аллах ја пружа Својата рака ноќе за да му даде можност за покајание на оној кој згрешил преку денот и ја пружа Својата рака дење за да му даде можност за покајание на оној кој згрешил во текот на ноќта, сè додека Сонцето не изгрее од западот.“

Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, Семоќниот и Возвишениот Аллах ја пружа Својата рака ноќе за да му даде можност за покајание на оној кој згрешил преку денот и ја пружа Својата рака дење за да му даде можност за покајание на оној кој згрешил во текот на ноќта, сè додека Сонцето не изгрее од западот.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, нè известува дека Возвишениот Аллах го прифаќа покајанието од Своите робови. Доколку робот згреши преку ден, а се покае во текот ноќта, Аллах го прифаќа неговото покајание. Ако згреши ноќе, а се покае преку ден, Аллах исто така го прифаќа неговото покајание. Аллах ја пружа Својата рака за покајанието, прифаќајќи го и радувајќи Му се на истото. Вратата на покајанието останува отворена сè додека Сонцето не изгрее од западот, што ќе го означи почетокот на крајот на овој свет. Па, кога Сонцето ќе изгрее од западот, вратата на покајанието ќе биде затворена.

فوائد الحديث

Прифаќањето на покајанието трае сè додека вратата на покајанието е отворена, но таа врата ќе се затвори кога Сонцето ќе изгрее од западот. Покрај тоа, човекот мора да се покае и пред душата да стигне до грлото, што го означува моментот на смртта.

Не треба да се губи надеж или да се очајува поради гревот, бидејќи милоста и прошката на Аллах се безгранични, а вратата на покајанието останува отворена.

Условите за прифаќање на покајанието се:

1. Престанок со извршување на гревот.

2. Искрено каење за направеното.

3. Цврста одлука никогаш повеќе да не се врати на тој грев.

Ако гревот се однесува на нечие право, дополнително се бара човекот да го врати тоа право на сопственикот или да побара прошка од оној кому му е нанесена неправда.

التصنيفات

Покајание