إعدادات العرض
„Луѓето ќе останат во добро сè додека побрзуваат со ифтарот.“
„Луѓето ќе останат во добро сè додека побрзуваат со ифтарот.“
Од Сехл бин Сад, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Луѓето ќе останат во добро сè додека побрзуваат со ифтарот.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Bahasa Indonesia Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Français ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî සිංහල Русский Tiếng Việt Kiswahili অসমীয়া ગુજરાતી Nederlands മലയാളം Română Magyar ქართული Moore ಕನ್ನಡ Svenska Oromooالشرح
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека луѓето ќе останат во добро сè додека брзаат со ифтарот при постот, откако сигурно ќе се потврди зајдисонцето – и тоа како израз на постапување според сунетот и придржување кон неговите граници.فوائد الحديث
Имамот ен-Невеви рекол: „Хадисот поттикнува на забрзување со ифтарот откако ќе се потврди зајдисонцето. Неговото значење е дека состојбата на уметот ќе остане стабилна, и тие ќе бидат во добро сè додека се придржуваат кон овој Сунет. А доколку го одложуваат ифтарот, тоа ќе биде знак на расипаноста во која ќе западнат.“
Опстанокот на доброто кај луѓето е поврзан со следењето на Сунетот, додека расипаноста на состојбите доаѓа со неговото напуштање.
Разликување од следбениците на Книгата и новотарите, бидејќи тие го одложуваат ифтарот.
Ибн Хаџер рекол: „Во хадисот се појаснува причината за тоа.“ Мухеллеб вели: „Мудроста во забрзувањето на ифтарот е во тоа да не се додава дел од ноќта на денот, а и затоа што тоа е попогодно за постачот и му дава поголема сила за ибадет. Учените се согласни дека забрзувањето на ифтарот важи откако ќе се потврди зајдисонцето – било преку лично гледање, или преку сведоштво на двајца праведни лица, а според посилното мислење, доволно е и сведоштво на едно праведно лице."
Ибн Хаџер рекол: „Напомена: Една од опасните новотарии што се појавиле во нашево време е учењето на вториот езан (за сабахот) околу дваесет минути пред појавата на вистинската зора во месецот рамазан, како и гаснењето на светилките што служат како знак за престанок на јадењето и пиењето за оној што има намера да пости – со образложение од страна на тие што го вовеле ова дека тоа е ,претпазливост‘ во ибадетот. Меѓутоа, за тоа знаат само малкумина. Ова, пак, довело до друга новотарија – да не се рецитира езанот сè до одреден степен по зајдисонце, под изговор дека така се осигурува влегувањето на времето, па на тој начин го одложиле ифтарот, а го забрзале сехурот – што е спротивно на Сунетот. Затоа, кај нив се намалило доброто, а се зголемило злото. Аллах нека ни биде напомош.“
التصنيفات
Сунети на постот