„Барајте ја ноќта на Кадр во непарните ноќи од последната третина на рамазан.“

„Барајте ја ноќта на Кадр во непарните ноќи од последната третина на рамазан.“

Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Барајте ја ноќта на Кадр во непарните ноќи од последната третина на рамазан.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги поттикнал верниците на вложување труд и настојување да се дочека ноќта на Кадр преку зголемена посветеност во добри дела, бидејќи најверојатно таа се наоѓа во непарните ноќи од последните десет ноќи од месецот рамазан – а тоа се: дваесет и првата, дваесет и третата, дваесет и петтата, дваесет и седмата и дваесет и деветтата ноќ.

فوائد الحديث

Вредноста на ноќта на Кадр и поттик за нејзиното барање.

Од мудроста и милоста на Аллах е тоа што ја сокрил ноќта на Кадр, за верниците да ја бараат и да се посветат на ибадет во неа, па со тоа да се зголеми нивната награда.

Ноќта на Кадр се наоѓа во последните десет ноќи од месецот рамазан, а најголемата веројатност е дека се наоѓа во непарните ноќи.

Таа е една од ноќите во последната третина од рамазанот, ноќта во која Возвишениот Аллах го објавил Куранот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и ја возвеличил со тоа што ја направил подобра од илјада месеци – по својот бериќет, значење и наградата што ја носи доброто дело во неа.

Ноќта на Кадр – со сукун на буквата „д“ (т.е. „кадр“, а не „кадер“) – е наречена така од два аспекта:

Или поради нејзината вредност и чест – бидејќи се вели: „тој човек има голем кадр“, односно: висока вредност и положба. Во тој контекст, зборот „кадр“ ја опишува самата ноќ, значејќи: величествена и вредна ноќ, со висока положба и чест. На ова укажуваат зборовите на Возвишениот:

„Ние започнавме да ја објавуваме во Благословената ноќ, и Ние навистина опоменуваме.“ (Ед-Духан, 3)

Или поради значењето „одредување“ (кадер) – бидејќи оваа ноќ е поврзана со одредувањето на она што ќе се случува во текот на целата година. Во тој случај, поврзувањето на ноќта со „кадер“ претставува поврзување на времето со она што се случува во него. На тоа укажуваат и зборовите на Возвишениот Аллах: „Во оваа ноќ се одлучува секоја совршено одредена работа.“

(Ед-Духан, 4)

التصنيفات

Последната третина на месецот рамазан