„Ибадетот во време на неред (хаос) е како хиџра/преселба кон мене.“

„Ибадетот во време на неред (хаос) е како хиџра/преселба кон мене.“

Од Макил бин Јесар – Аллах нека е задоволен со него – се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Ибадетот во време на неред (хаос) е како хиџра/преселба кон мене.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, упатил – во време на неред, искушенија и убиства, кога се мешаат работите на луѓето – на тоа да се посвети човекот на ибадетот и цврсто да се придржува кон него, бидејќи наградата за тоа е како да направил хиџра кон него. Во такви околности, луѓето обично го занемаруваат ибадетот и се занимаваат со други работи, а само малкумина му остануваат посветени.

فوائد الحديث

Поттик за посветеност на ибадетот и свртеност кон Аллах во време на искушенија – како заштита од нив и спас од нередот.

Појаснување на вредноста на ибадетот во време на искушенија и немарност.

Муслиманот треба да ги избегнува местата на искушенија и немарност.

التصنيفات

Вредностите на добрите дела