إعدادات العرض
„Шест се правата на еден муслиман кон друг муслиман." Прашале: „Кои се тие, о Аллахов пратенику?" Одговорил: „Кога ќе го сретнеш, поздрави го со селам; кога ќе те…
„Шест се правата на еден муслиман кон друг муслиман." Прашале: „Кои се тие, о Аллахов пратенику?" Одговорил: „Кога ќе го сретнеш, поздрави го со селам; кога ќе те повика, одѕви се на повикот; кога ќе ти побара совет, посоветувај го; кога ќе кивне и изговори ,елхамдулиллах’, посакај му милост велејќи ,јерхамукаллах’; кога ќе се разболи, посети го; и кога ќе умре, следи го до неговата џеназа.“
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Шест се правата на еден муслиман кон друг муслиман." Прашале: „Кои се тие, о Аллахов пратенику?" Одговорил: „Кога ќе го сретнеш, поздрави го со селам; кога ќе те повика, одѕви се на повикот; кога ќе ти побара совет, посоветувај го; кога ќе кивне и изговори ,елхамдулиллах’, посакај му милост велејќи ,јерхамукаллах’; кога ќе се разболи, посети го; и кога ќе умре, следи го до неговата џеназа.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Português සිංහල Kiswahili অসমীয়া Tiếng Việt ગુજરાતી Nederlands മലയാളം Română Magyar ქართული Moore ಕನ್ನಡ Svenska ไทยالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека меѓу правата на муслиманот кај неговиот брат муслиман се шест работи: Прво: Кога ќе го сретне – да го поздрави со зборовите „ес селаму алејкум“, а другиот да му возврати: „ве алејкум селам“. Второ: Да се одзвие на неговата покана – како за свадбена вечера или при друг повод. Трето: Да му даде искрен совет кога ќе го побара – без лицемерие и без измама. Четврто: Кога ќе кивне и ќе изговори „елхамдулиллах“ – да му посака милост со зборовите „јерхамукеллах“ (Аллах нека ти се смилува), а тој да возврати: „Јехдиекумуллах ве јуслих балекум“ (Аллах нека ве упати и нека ви ја подобри состојбата). Пето: Да го посети кога ќе се разболи. Шесто: Да му клања џеназа намаз кога ќе умре и да ја следи неговата џеназа додека не биде закопан.فوائد الحديث
Еш-Шевкани рекол: „Под изразот ,право на муслиманот‘ се мисли на нешто што не треба да се напушта – а неговото исполнување може да биде или обврска (ваџиб), или многу препорачано дело кое е блиску до обврска и кое не смее да се запоставува.“
Одговарањето на селамот е индивидуална обврска (фарз ајн) ако поздравениот е сам. А ако се поздравува група – доволно е еден од нив да возврати. Отпочнувањето со селам во основа е Сунет.
Посетата на болниот е дел од правата што муслиманите ги имаат еден кон друг, бидејќи таа внесува радост и утеха во срцето на болниот. Нејзиното исполнување е колективна обврска (фарз кифаје).
Одѕивањето на поканата е задолжително сè додека во неа нема нешто што е грев. Ако се работи за свадбена вечера, мнозинството на алимите сметаат дека одѕивањето е задолжително, освен ако постои шеријатска причина за изоставување. А ако поканата е за нешто друго освен свадбена вечера – тогаш повеќето алими сметаат дека е препорачано, но не и задолжително.
Посакувањето милост на оној што ќе кивне е обврска за секој што го слушнал како по кивањето изговара „елхамдулиллах“.
Потполноста на шеријатот и неговата грижа за зацврстување на општествените врски, зајакнување на љубовта и иманот меѓу муслиманите, и создавање чувство на блискост и заедништво во заедницата.
Во зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „фесеммитху“ (па посакај му милост), во некои преноси стои и „фешеммитху“ – и двата облика се лингвистички исправни: Семмитху (со буквата син) означува – да се направи дова за добро и благослов. Шеммитху (со буквата шин) се толкува – Аллах нека те заштити од нешто поради што твојот непријател би се радувал. А зборот тесмит значи – да се замоли Аллах да го упати на исправниот пат и благородно однесување.