„Навистина, вашиот Господар е Срамежлив и Благороден – се срами од Својот роб кога тој ќе ги крене рацете (со дова) кон Него, да ги врати празни.“

„Навистина, вашиот Господар е Срамежлив и Благороден – се срами од Својот роб кога тој ќе ги крене рацете (со дова) кон Него, да ги врати празни.“

Селман, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, вашиот Господар е Срамежлив и Благороден – се срами од Својот роб кога тој ќе ги крене рацете (со дова) кон Него, да ги врати празни.“

[حسن] [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поттикнува на кревање на рацете при дова и известува дека Возвишениот Аллах е многу срамежлив и не се откажува од дарувањето. Тој му дава на Својот роб сè што го радува, и му го ускратува она што му штети. Тој е Дарежлив – дарува и без да му се бара, па каков ли е кога ќе Му се бара?! Аллах се срами од Својот роб да ги врати неговите раце – откако ги кренал во дова – празни, без ништо, лишени од дар и одговор.

فوائد الحديث

Колку повеќе човекот ја покажува својата потреба од Аллах и Му се предава во ибадет, толку е поблиску до прифаќањето на довата и нејзиниот одговор.

Поттик за правење дова и препораката да се креваат рацете при дова, и дека тоа е една од причините за нејзино прифаќање.

Во хадисот е истакната големината на Аллаховата дарежливост и Неговата милост кон Своите робови.

التصنيفات

Едеби на довата