„Кој од вас ќе го дочека утрото со здраво тело, безбеден во својот дом и има храна за тој ден – како да му е подарен целиот дуњалук.“

„Кој од вас ќе го дочека утрото со здраво тело, безбеден во својот дом и има храна за тој ден – како да му е подарен целиот дуњалук.“

Убејдулах бин Михсан ел-Енсари, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој од вас ќе го дочека утрото со здраво тело, безбеден во својот дом и има храна за тој ден – како да му е подарен целиот дуњалук.“

[حسن] [رواه الترمذي وابن ماجه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека оној кој ќе го дочека утрото со здраво тело – без болест и мака, безбеден во себе, своето семејство и околината, и има доволно храна за тој ден – како да му е подарен целиот дуњалук.

فوائد الحديث

Укажување на тоа колку човекот има потреба од здравје, сигурност и да ја поседува дневната потреба од храна.

Потсетување дека треба да Му се заблагодарува на Аллах за овие големи благодати.

Поттик за задоволство со она што се има и за скромност и воздржаност од претераната приврзаност кон овој свет.

التصنيفات

Скромност и побожност