„Не е наш тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува, тој што гата и кому му се гата, и тој што прави маѓија и за кого…

„Не е наш тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува, тој што гата и кому му се гата, и тој што прави маѓија и за кого се прави маѓија

Имран бин Хусајн, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не е наш тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува, тој што гата и кому му се гата, и тој што прави маѓија и за кого се прави маѓија. Тој што ќе заврзе јазол и тој што ќе посети гатач и му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед, алејхи селам.“

[حسن] [رواه البزار]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, им се заканил на тие луѓе од неговиот умет што ќе направат некои дела со зборовите: „Не е наш“, а тие дела се: Прво: „Тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува“, основа на овие зборови е дека Арапите ја пуштале птицата да одлета кога сакале да започнат некој бизнис, патување, трговија и слично. Ако птицата отиде надесно го сметале за оптимизам, и би се впуштиле во тоа што намерувале да го направат, а ако отишла налево, го сметале за песимизам, и тогаш се откажувале од она што го планирале. Ова не е дозволено некој да го прави, ниту да му нареди на друг да го направи тоа наместо него. Значењето на хадисот ги вклучува сите облици на суеверие, без разлика дали тоа е нешто што се слуша или гледа, што вклучува птици или некои други животни или луѓе што го прават тоа преку броеви, денови или други слични работи. Второ: „тој што гата и на кого му се гата.“ Кој тврди дека го знае гајбот-непознатото, преку употребата на ѕвездите и сл., или некој отиде кај таквиот што тврди дека го познава гајбот-непознатото, како на пример гатач и слично, а потоа му поверува во тоа што тој го тврди, тој го негирал тоа што му е објавено на Мухамед, алејхи селам. Трето: „Тој што прави маѓија и за кого се прави маѓија“, се работи за таквиот што самиот ги прави работите на сихрот-маѓијата, или тој што задолжил некого да направи такво нешто, за со тоа да му донесе некаква корист или да нанесе штета. Такво дело е да заврзе јазол со употреба на конец и да направи сихр-маѓија така што ќе кажува забранети маѓиски зборови и ќе дува во јазлите.

فوائد الحديث

Обврска е да се потпираме на Аллах и да веруваме во Аллаховата одредба и предодредбата, забранет е секој вид на суеверие, маѓија и гатање, но и од другите да бараме да го прават тоа.

Тврдењето дека го знае непознатото е ширк-многубоштво, и е во потполна спротивставеност со тевхидот-монотеизмот.

Забрането е да им веруваме на гатачите и да одиме кај нив, во тоа влегува и прорекување со читање на дланка, филџан на кафе, хороскоп, па дури и да го правиме тоа од љубопитност.

التصنيفات

Негации на исламот, Прашања поврзани со џахилијетот (предисламски период)