إعدادات العرض
Сакате ли да ве упатам на нешто подобро од тоа што го баравте? Кога ќе легнете во вашите постели, изговорете: Субханаллах триесет и трипати, Елхамдулиллах триесет и…
Сакате ли да ве упатам на нешто подобро од тоа што го баравте? Кога ќе легнете во вашите постели, изговорете: Субханаллах триесет и трипати, Елхамдулиллах триесет и трипати и Аллаху Екбер триесет и четири пати. Тоа е подобро за вас од слуга.“
Али, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Фатима, Аллах нека е задоволен со неа, дошла кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за да се пожали на тешкотиите што ги имала од работата со рачната мелница. Таа слушнала дека кај него дошле заробеници (кои би можеле да бидат слуги), па отишла кај него, но не го нашла. Затоа тоа и го спомнала на Аиша, Аллах нека е задоволен со неа. Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се вратил, Аиша го известила за нејзината посета. Тогаш тој дојде кај нас додека ние веќе бевме легнати. Кога пробавме да станеме, тој рече: „Останете на своите места.“ Се приближи и седна помеѓу мене и неа, така што го почувствував студот на неговите стапала врз мојот стомак. Потоа рече: „Сакате ли да ве упатам на нешто подобро од тоа што го баравте? Кога ќе легнете во вашите постели, изговорете: Субханаллах триесет и трипати, Елхамдулиллах триесет и трипати и Аллаху Екбер триесет и четири пати. Тоа е подобро за вас од слуга.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Português සිංහල অসমীয়া Kiswahili Tiếng Việt አማርኛ ગુજરાતી Nederlands پښتو नेपाली ไทย മലയാളം Svenska Кыргызча Română Malagasy Српски తెలుగు ქართული Moore Magyar mrالشرح
Фатима, Аллах нека е задоволен со неа, ќерката на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се пожалила на тешкотиите што ги чувствувала на своите раце поради работата со рачната мелница. Кога до Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стигнале заробеници, таа отишла кај него за да го замоли да ѝ даде слуга од тие заробеници кој ќе ѝ помага во домашните обврски. Но, не го нашла во неговата куќа, туку ја нашла Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, и ѝ го раскажала својот проблем. Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се вратил, Аиша го известила за доаѓањето на Фатима и за нејзината молба за слуга. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, отишол кај Фатима и Али, Аллах нека е задоволен со двајцата, во нивниот дом. Ги нашол како се подготвуваат за спиење и легнати во своите постели. Седнал помеѓу нив, така што Али, Аллах нека е задоволен со него, го почувствувал студот на стапалата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на својот стомак. Потоа им рекол: „Сакате ли да ве научам на нешто што е подобро за вас од слуга?“ Тие одговориле: „Да.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога ќе легнете во вашите постели навечер, величејте Го Аллах со зборовите Аллаху Екбер триесет и четири пати, славете Го Аллах со зборовите Субханаллах триесет и трипати, и заблагодарувајте Му на Аллах со зборовите Елхамдулиллах триесет и трипати. Овој зикр ќе ви донесе поголемо добро од слуга.“فوائد الحديث
Препорачливо е редовно да се практикува овој благословен зикр, бидејќи е пренесено дека Али, Аллах нека е задоволен со него, никогаш не ја оставал оваа пратеничка препорака, дури и во ноќта на битката кај Сифин.
Овој зикр се изговара исклучиво пред спиење ноќе. Во хадисот што го пренесува Муслим преку Муаз од Шубе се вели: „Кога ќе легнете во своите постели навечер.“
Ако муслиманот го заборави овој зикр на почетокот од ноќта, па се сети подоцна, дозволено е да го изговори. За тоа сведочи и самиот Али, Аллах нека е задоволен со него, кој кажал дека во ноќта на битката кај Сифин заборавил да го изговори на почетокот од ноќта, но се сетил и го изговорил пред сабахот.
Мухелеб рекол: „Ова укажува дека човекот треба да ја охрабрува својата фамилија да ги практикува истите дела што ги извршува тој, претпочитајќи го Ахиретот пред дуњалукот, доколку имаат можност за тоа.“
Ибн Хаџер ел-Аскелани рекол: „Оној кој редовно го практикува овој зикр нема да се соочи со тешкотии или преголем замор, дури и ако работи многу.“
Ајни рекол: „Предноста на овој зикр лежи во тоа што тој се однесува на Ахиретот, додека слугата се однесува на дуњалукот, а Ахиретот е подобар и вечен. Или, може да се каже дека овој зикр ѝ давал на Фатима сила која ѝ овозможувала да ја извршува својата работа подобро од она што би го направил слугата.“
التصنيفات
Дови за вонредни ситуации