кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во…

кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“

Пренесено е дека Суфјан бин Абдулах ес Секафи, радијаллаху анху, рекол: „Прашав: ,О, Алаховиот Пратенику, кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“

[صحيح] [رواه مسلم وأحمد]

الشرح

Асхабот Суфјан бин Абдула, радијаллаху анху, барал Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, да го подучи на нешто сеопфатно што ја опфаќа смислата на исламот, за тој цврсто да се придржува кон тоа, и да не прашува веќе никого. Пратеникот, алејхи селам, му рекол: Кажи дека Возвишениот Аллах е Еден и верувам дека Тој е мојот Господар, Господ, Создател и Единствениот кој заслужува да биде обожуван, Нему никој не Му е рамен. А потоа ќе биде истраен во покорноста кон Аллах, така што ќе ги извршува неговите наредби и ќе се оддалечи од неговите забрани, и перманентно ќе биде во таа состојба.

فوائد الحديث

Основата на верата е верување во Аллаховиот „рубубујет“, господарство, во „улухијетот“, божественоста и во Неговите имиња и својства.

Важноста на истрајноста по декларирањето на верувањето, перманентноста во ибадет, како и потполната стабилност во тие работи.

Верувањето е услов за прифаќање на делото.

Верувањето во Аллах, опфаќа сè што мора да се верува од постулатите и основите на верата, потоа следат внатрешните дела на срцето, но исто така и покорноста и потполната предаденост на Аллах, внатрешно и надворешно.

Истрајност е да се држиме кон патот, со извршувањето на должностите и избегнувањето на забраните.

التصنيفات

Верувањето во Возвишениот Аллах, Душевното чистење