إعدادات العرض
„Кога Аллах го создаде Џенетот и Огнот, го испрати Џибрил, алејхи селам,
„Кога Аллах го создаде Џенетот и Огнот, го испрати Џибрил, алејхи селам,
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога Аллах го создаде Џенетот и Огнот, го испрати Џибрил, алејхи селам, до Џенетот и му рече: ,Погледни го и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да слушне за него а да не влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Џенетот со потешкотии и рече: ,Оди и погледни го повторно и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со потешкотии и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах рече: ,Оди и погледни го Огнот и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека се натрупува еден врз друг и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Огнот со страсти и рече: ,Оди и погледни го повторно.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со страсти и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да се спаси од него.’“
الترجمة
العربية English မြန်မာ Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands اردو Español Bahasa Indonesia ئۇيغۇرچە বাংলা Türkçe Bosanski සිංහල हिन्दी Tiếng Việt Kurdî Hausa മലയാളം తెలుగు Kiswahili ไทย پښتو অসমীয়া Shqip دری Ελληνικά Български Fulfulde Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy or Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek नेपाली Moore Oromoo Wolof Soomaali Tagalog Français Azərbaycan Українська Português bm தமிழ் Deutsch ქართული فارسی Magyar Lingala Русскийالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека откако Аллах ги создал Џенетот и Огнот, му рекол на Џибрил, алејхи селам: „Оди и погледни го Џенетот.“ Џибрил отиде, го погледна и се врати. Џибрил рече: „Господару мој, се колнам во Твоето достоинство, никој нема да слушне за него и за благодатите и уживањето во него, а да не посака да влезе и да работи за тоа.“ Потоа Аллах го опкружи Џенетот со потешкотии и предизвици како што се извршувањето на наредбите и избегнувањето на забраните. Оној кој сака да влезе во Џенетот мора да ги премине тие потешкотии. Аллах повторно му рече на Џибрил: „Оди и погледни го Џенетот, откако го опкружив со потешкотии.“ Џибрил отиде, го погледна и се врати, велејќи: „Господару мој, се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да влезе поради тешкотиите кои се на патот до него.“ Кога Аллах го создаде Огнот, му рече на Џибрил: „Оди и погледни го.“ Џибрил отиде, го погледна и се врати, па рече: „Господару мој, се колнам во Твоето достоинство, никој нема да слушне за него и за казните што ги содржи, а да не го мрази и да се оддалечи од делата што водат до него.“ Потоа Аллах го опкружи Огнот со страсти и задоволства, и повторно му рече на Џибрил: „Оди и погледни го.“ Џибрил отиде, го погледна и се врати, велејќи: „Господару мој, се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да се спаси од него поради страстите и задоволствата што го опкружуваат.“فوائد الحديث
Верувањето дека Џенетот и Огнот постојат сега.
Обврската за верувањето во гајбот - невидливото и во сè што е пренесено од Аллах и Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Важноста на трпението при потешкотиите, бидејќи тоа е патот што води до Џенетот.
Важноста на избегнувањето на забранетите работи, бидејќи тоа е патот што води до Огнот.
Опкружувањето на Џенетот со тешкотии и Огнот со страсти се дел од искушенијата и испитот на овој живот.
Патот до Џенетот е тежок и бара трпение и жртвување со иман, додека патот до Огнот е исполнет со задоволства и следење на страстите на овој свет.