„Аллах нека го осветли лицето на оној што ќе чуе нешто од нас, па тоа го пренесе онака како што го слушнал. Можеби оној кому му го пренел – подобро ќе го разбере од…

„Аллах нека го осветли лицето на оној што ќе чуе нешто од нас, па тоа го пренесе онака како што го слушнал. Можеби оној кому му го пренел – подобро ќе го разбере од оној што го чул.“

Од Абдулах ибн Месуд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Го слушнав Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Аллах нека го осветли лицето на оној што ќе чуе нешто од нас, па тоа го пренесе онака како што го слушнал. Можеби оној кому му го пренел – подобро ќе го разбере од оној што го чул.“

[صحيح] [رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, упатил дова Аллах да му дарува убавина, благослов и светлина во овој свет, и да го доведе до светлината и насладите на Џенетот во Ахиретот – секому што ќе слушне хадис од него, ќе го запамети и ќе го пренесе како што го слушнал. Можеби оној кому му се пренесува хадисот ќе биде повнимателен, подлабок во разбирањето и поспособен за извлекување поука од него, отколку оној што го пренел. Првиот е вешт во помнење и пренесување, а вториот – во сфаќање и извлекување заклучоци.

فوائد الحديث

Поттик на учење и пренесување на Сунетот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Укажување на вредноста на оние што се занимаваат со хадисот и честитоста на таа наука.

Вредноста на учените – оние што се способни за разбирање и извлекување на шеријатски заклучоци.

Вредноста на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, затоа што тие ги слушале хадисите од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а потоа ни ги пренеле нам.

Ел-Мунави рекол: „Со ова се укажува дека разбирањето на прописот не е услов за пренесувачот на хадисот; неговата обврска е да го запамети. А на фекихот (исламскиот правник) му припаѓа разбирањето и продлабоченото размислување.“

Ибн Ујејне рекол: „Нема човек што се занимава со хадисот, а на неговото лице да не се забележува светлината на хадисот.“

Кај мухадисите постојат два вида паметење:

паметење во срцето и градите (напамет), и паметење преку пишување и пренесување од книга. Обата вида се опфатени со довата спомната во хадисот.

Разбирањето кај луѓето е различно, може оној кому му е пренесен хадисот да биде подосетлив и подлабок во разбирањето од оној што го чул, и може пренесувачот на фикхското знаење сам по себе да не биде феких.

التصنيفات

Вредноста на знаењето, Едеби на учителот и ученикот